Пентагон во наредните 10 години ќе потроши 3,7 милијарди долари за промена на полот на војниците

Повеќе од дваесет американски конгресмени – републиканци, на крајот од минатата недела потклекнаа пред јуришот на LGBT лобито на Демократската партија.

Таа група од конгресмени – попрецизно, 25 од нив – со своите гласови, овозможија анулирање на амандманите со кои Пентагон забрани да припадниците на вооружените сили на САД, ги финансираат операциите за промена на полот и постоперативните хормонски терапии.

Тој е протуркан со 214 гласови „за“, и „209“ против.

Демократите својата инивијатива ја образложија на очекуван начин: Сите Американци имаат право да служат во Вооружените сили на САД и да ја добијат целата потребна медицинска помош.

Според проценките, Пентагон во наредните десет години, потрошија 3.7 милијарди долари на операција на промена на полот.

Затоа Вооружените сили во САД можеа да купат: 14 ловци од петтата генерација, Ф-35 и исто толку Ф-18 и два стратешки бомбардери V-21, или да ги модернизираат јуришните авиони А-10.

Позицијата на републикснакото мнозинство го бранеше конгресменот Данкан Хантер, кој војуваше и во Авганистан и во Ирак. Тој предложи да сите заинтересирани за воената служба, се обврзат, да уште во моментите на пријавување се изјаснат – дали се мажи или жени“.

Хантер не е некаков хомофоб, но предупреди дека тоа е неопходно, затоа што машкиот и женскиот организам не се исти, и за обуката за војниците – мажи, и војниците – жени, не може да биде идентична. Потоа додаде:

„Фактот дека некој почнал обука како жена, а потоа воената служба ја продолжува како маж – или обратно – создава сериозни проблеми за безбедноста“.

Но, ни тој никогаш не уверувал и наведувал некој да гласа поинаку.

Сумата која американската воена машина ја троши на бесплатни операции на промена на полот на своите припадници – тоа е врвот на ледениот брег на проблеми кои имаат врска со одбраната за која е задолжена Пентагон.

 

Scroll to Top