По бегалската криза, криминалот во Шведска достигнал рекордно ниво

Бројот на такви злосторства како што се сексуалното злоставување или измамите достигнаа најголемо ниво во Шведска во последните повеќе од десет години.

Најголемиот пораст на стапка на криминал доаѓа во годините по „бегалската“ криза.

Бројот на Швеѓани кои биле жртви на некои или сите видови на злосторства кои заеднички се дефинираат како „злосторства против поединци“, остро пораснал во последните две години, вели извештајот на Националната анкета за безбедност (НТУ), кој го спроведе Шведскиот совет за превенција на криминал (БРА).

Злочините против поединци вклучуваат напад, закана, сексуални престапи, измами, кражби и вознемирувања според класификациите на „БРА“ советот.

Според истражувањето, 15.6 проценти од шведската популација биле дел од некој или сите наведени видови на криминал во 2016 година, што е два проценти повеќе отколку во претходната година.

БРА, шведската владина агенција која делувала како центар за истражување во оквирот на Министерството за правосудство, напоменува дека стапката на криминал во врска со овој вид на казнени дела останал релативно стабилен во периодот меѓу 2005 и 2014 година и дека изнесувал 11 до 13 проценти.

Стапката на криминал после тоа во 2016 година, се покажал највисок од кога агенцијата БРА почна со спроведување на годишните анкети во врска со криминалот и безбедноста на граѓаните. Извештаите покажале дека бројот на злоставувања, сексуални прекршоци и случаи на измами доживеал најголем раст во последните неколку години.

Од шест видови на казнени дела наведени во истражуавњето, пет пораснале на највисоко ниво во 2016 година. Бројот на случаи по нападот го достигна своето највисоко ниво во последните десет години, покажува извештајот.

Бројот на жртви пораснал од 3 проценти на 4,3 проценти на целокупната шведска популација, додека бројот на оние кои биле изложени на закани или напади пораснал од 4 проценти на околу 5,5 проценти од 2014 до 2016 година. Во исто време, бројот на жртви на сексуални казнени дела се удвоил за помалку од 1 процент на 2,5 проценти, што е раст преку 150 проценти.

„Младите жени во добата меѓу 16 и 24 ја прават групата која е најмногу подложна на сексуални закани и силувања, со 14 проценти на млади жени кои велат дека се жртви на барем еден таков злочин во текот на 2016 година“, изјави државната агенција БРА.

Од таму додаваат дека повеќето злочини во истражувањето не биле пријавени на полицијата.

„Најголемата причина за непријавувањето на казненото дело е да жртвата верува дека полицијата не може да направи ништо“, изјави Томас Хвитфилдт, водител на единица на агенцијата БРА, коментирајќи на прашањето.

Истражувањето меѓутоа „не дава никакви одговори“, на причините на пораст на тие посебни видови на криминал, пренесено е во соопштението.

Во истото се додава дека „дополнителната анализа“ е потребна за подобро разбирање на причините на ваквиот тренд.

Истражителите се темелат на разговори со околу 12.000 лица во добата меѓу 16 и 79 години и се спроведува секоја година од 2006 година.

 

Scroll to Top