Полјаците одбија кредитна линија од ММФ вредна 9,2 милјарди долари

Полска пресече дека не го сака новиот кредит од страна на ММФ, односно на Ротшилд, во вредност од 9,2 милијарди долари.

Според полското Министерство за финансии, Варшава ќе се повлече од флексибилната кредитна линија на Меѓународниот монетарен фонд, кој е вреден милијарда долари.

Министерството го цитира министерот за финансии Матеуз Мораветци, кој на „Твитер“ напиша:

„Ние се откажавме од 9,2 милијарди долари вредна кредитна линија од ММФ. Полската економија е во таква добра состојба што можеме да си дозволиме да го одбиеме“.

Буџетот на земјата оствари рекорден суфицит од 1,36 милијарда долари во периодот од јануари до август како резултат на наглиот раст на приходите од даноците на додадена вредност. Економскиот раст бил речиси четири проценти.

„Јас ја донесов одлуката да не ја примиме кредитната линија од Меѓународниот монетарен фонд по направените анализи на даночните податоци, макроекономските параметри и процените за нашата буџетска стабилност и девизните резерви“, изјави Мораветци.

Во јануари Извршниот одбор на ММФ го одобри двегодишниот аранжман за Полска во вредност од 8,2 милијарди евра во тоа време.

ММФ изјави дека кредитната линија ќе овозможи осигурување од надворешните шокови.

„Можно е забавувањето на растот и стресот на банкарскиот сектор во еврозоната да има значителен ефект врз трговските и финансиските канали на земјата“, изјавиле од ММФ.

Флексибилната кредитна линија ѝ стои на располагање на Полска од времето на кризата од 2009 година, но земјата никогаш не ги активирала тие средства. Минатата година Полска поднесе барање до ММФ за да се преполови вредносната кредитна линија на Меѓународниот монетарен фонд.

 

 

Scroll to Top