Пред 60 години Русите ја испратија Лајка во вселената

Уличното куче Лајка беше првото живо суштество кое ја напушти земјината атмосфера. Таа никогаш не се врати назад. Сателитот со Лајка во него СССР го лансираше на 3 ноември 1957 година, пред 60 години. Нивната цел беше тестирање на безбедноста за идните човечки мисии.

„Девет кругови околу Земјата ја направија Лајка прв светски астронаут. Таа е жртвувана за следните мисии во вселената да бидат успешни“, рече рускиот биолог Алилија Котовска, која работела како тренер на Лајка.

Пред Лајка имало неколку обиди со други кучиња кои летале по неколку минути за научниците да можат да дојдат до податоци како тие се снаоѓаат во состојба без гравитација. Лајка беше првото куче кое навистина е испратено во вселената. Од сите други кандидати со кои работеле, Лајка, тригодишен мешанец од улиците на Москва, најдобро поминала на тестовите.

„Избиравме женки кои не мораат да ги креваат нозете при мокрење, па заземаат помал простор. Избиравме бездомници, затоа што повеќе се снаоѓаат и не бараат многу“, рекла денес 90-годишната Котовска, додавајќи дека кучињата морале да бидат и фотогенични. Поради пропаганда, кучињата добивале и важни имиња.

Сателитот Спутњик бил лансиран во 5:30 по московско време од Казахстан.

„Во текот на полетувањето, срцето на Лајка почна силно да чука, а дури по три часа се врати во нормала. Потоа наеднаш, во текот на деветиот круг околу Земјата, температурата во капсулата почна да се искачува до 40 степени Целзиусови поради недоволна изолација од сончевите зраци“, вели Костова.

Први животни кои живи се вратиле од вселената бсе кучките Белка и Стрелка лансирани на 19 август 1960 година. Тие се вратиле еден ден подоцна. Успехот на оваа мисија бил поттик за советските власти, една година подоцна да го испратат и првиот човек во вселената, Јуриј Гагарин, во април 1961 година.

Scroll to Top