Претседателот Дутерте ја суспендираше програмата за вакцинација на Филипините

Филипинскиот претседателот Родриго Дутерте ја суспендираше програмата за вакцинација на Филипините, поради загриженоста дека тоа претставува значително јавен здравствен ризик.

Преку програмата на вакцинација против денгуа грозницата, утврдено е дека всушност вакцините предизвикуваат заболување кај луѓето и дека тоа претставува значителен јавен здравствен ризик.

Вирусот денга е еден од најчестите вируси кои ги пренесуваат комарците, со тешки симптоми вклучувајќи и главоболки, осипи и заболување на крвните садови.

Бројките на случаи со заразата со вирусот денга во 2016 година, опаднал, затоа што државата Филипини во 2016 година почнала да ги администрира светските вакцини против денгуа, односно грозницата на деца под висок ризик.

Одлуката за суспензија на вакцината дошла по објавата на францускиот произведувач на лекови Санофи, дека неговата вакцина „Dengvaxia“, е ефикасна, само доколку субјектот претходно бил заразен.

Инаку доколку луѓето се вакцинирани, може да избијат повеќе случаи на оваа тешка болест.

Овие резултати укажуваат на сложеноста на денга инфекциите.

Работиме со здравствените власти за да се осигураме дека се препишува вистинскиот лек, а пациентите се во целост информирани за новите налози за вакцинацијата, со цел да се зголеми ефектот на „Dengvaxia во денга-ендемичните земји“, изјави доктор Су Пеинг Нг, од компанијата Санофи Пастеур.

Министерот за здравство, господин Франциско Дуке, изјавил дека суспензијата нема да биде укината додека владата не ги консултира медицинските експерти и Светската здравствена организација.

740.000 ученици веќе ја примиле вакцината како дел од националната програма на вакцинација, а околу 200.000 луѓе се заразени со денга грозницата секоја година.

Господин Дуке инсистира дека постои опасност од оваа грозница, што ја прави вакцинацијата многу важна. Но, тој не може да потврди дали програмата ќе продолжи да се одвива во ваков облик.

 

 

 

Scroll to Top