Путин бара нова меѓународна истрага за слетувањето на САД на Месечината

Постојат многу теории на заговор за слетување на Месечината кои се документирани на интернет. Меѓутоа, Русите побараа меѓународна истрага за слетувањето на Месечината во периодот меѓу 1969 и 1972 година, а САД упорно одбиваат на истражителите да им ги достави фактите за програмата „Аполо“.

Мистеријата за слетувањето на човекот на Месечината во последните денови повторно е топ-тема во американско-руските односи.

Реакцијата на Москва следуваше по истрагата на ФБИ по која беа обвинети девет раководители на ФИФА дека Русија на нелегален начин го добила статусот домаќин на Светското првенство во 2018 година.

Русите на нападот од САД одговорија така што пред две години побараа да се спроведе меѓународна истрага за веродостојноста на американската мисија на Месечината за да се овозможи нов увид во најголемото достигнување на човекот.

Имено, Москва се сомнева дека станува збор за опасна измама и дека НАСА никогаш не успеала да испрати човек на Месечината.

 

Scroll to Top