Путин прогласи 9 американски мејнстрим медиуми во Русија за странски агенти

Девет медиуми се регистрирани како странски агенти од страна на Министерството за правосудство на Русија, во склоп со неодамна донесениот закон.

Заоконот доаѓа како одговор на одлуката на Конгресот на САД во однос на рускиот медиум „РТ Америка“.

Во вторник Гласот на Америка и Радио Слободна Европа (Voice of America i Radio Free Europe), вклучувајќи ги и нивните регионални подружници „Radio Azatliq“, заедно со уште шест канцеларии, се препознати како странски агенти, според интернет-страницата на Министерството за правосудство на Русија.

Пописот исто така ги вклучува веб-страниците „Каvkaz.Realii“, „Krim Realii“ и „Sibir Realii“, телевизискиот канал „Current Time“, заедничкиот проект „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“, потоа „Радио Либерти“, кој е во сопственост на веб-страниците „factograph.info“, и „IdelRealii“.

На новинарите кои работат за наведените новински медиуми може да им биде забранета посета на Федералниот совет и горниот дом на рускиот парламент, изјави извор за РИА Новости. Одлуката за ова се очекува следната недела.

Дугите медиуми не треба да очекуваат дека ќе се најдат на листата на странски агенти, според претседателот на Државниот одбор за заштита на суверенитетот, Ендрју Климов.

„Мислам дека таа листа нема да биде проширена. Нашите мерки се целосно реципрочен одговор на угнетувањето на руските медиуми во САД, а ако ништо ново не се случи до тогаш на страната на САД, тогаш нема причина за проширување на овој список“, изјави Климов.

„На пописот се наоѓаат пропагадните компании финансирани од страна на Америка, а меѓу нив не е Си-ен-ен.  Си-ен-ен не е пропагадна компанија“, изјави Климов.

Не прогласувајќи го Си-ен-ен за странски агент, Русија се покажа многу потолерантна од Америка, која удри веднаш на двата најголеми руски медиуми во Америка.

„Москва може да се повлече и да ја ревидира ваквата одлука доколку Вашингтон прекине со пресметката со руските медиуми“, соопштија од Министерството.

„Доколку Вашингтон се вразуми и го прекине притисокот кон руските медиуми,  ќе размислиме за прилагодување на нашите одлуки“, изјави Климов.

Тој наведе дека законот за странски агенти го потпишал и рускиот претседател Владимир Путин на крајот на ноември.

 

 

 

 

Scroll to Top