Рачно напишано писмо ја открива вистината за бегството од „Алкатраз“

Сите имаме чуено за прочуеното бегство од затворот во Лос Анџелес – „Алкатраз“, а до ден-денешен тоа и понатаму останува една од најголемите мистерии.

Никој не можел да утврди дали сите тројца затвореници се извлекле живи. Браќата Џон и Кларенс Англин и уште еден затвореник, Френк Морис, за 6 месеци смислиле пеколен план како да побегнат од добро чуваниот затвор. Ни пред ни потоа никој не успеал да побегне од „Алкатраз“.

Но, никогаш не постоел конкретен доказ дека триото го преживеало овој потфат, а повеќето верувале дека сите тројца се удавиле затоа што затворот се наоѓал на остров.

Сега се појави писмо напишано на рака, кое би можело да ја разреши мистеријата.

Како што пренесуваат американските медиуми, писмото уште пред неколку години било испратено до медиумите, а ФБИ повторно поведе истрага.

„Моето име е Џон Англин. Побегав во 1962 година од ’Алкатраз’ со брат ми Кларенс и Френк Морсиом. Имам 83 години и сум во лоша состојба, имам рак. Да, успеавме, но едвај“, пишувало во писмото.

Овој документ претставува неверојатен пресврт во случајот што го окупира вниманието на јавноста веќе 55 години.

Затворенците со месеци копале тунел до патот, кој никогаш не бил надгледуван. Своите кревети ги наполниле со јастуци за чуварите да мислат дека спијат и потоа се дале во бегство.

Кога стигнале до брегот, запловиле со сплав направен од повеќе од 50 украдени мантили и други материјали.

На 11 јуни 1962 година се случило бегството. Првично требало да им се приклучи и Ален Вест, но не можел да се провлече низ тунелот, така што тие отишле без него.

Англин, авторот на писмото, денеска би имал 86 години доколку е жив. Наводно, сега живее во Калифорнија. Брат му Кларенс умрел 2008 година, а Морис 2011 година.

Англин изгледа има намера да ѝ се предаде на полицијата преку писмото во замена за само една година затвор.

ФБИ ги анализира отпечатоците на прстите и ДНК, но резултатите не биле јасни, така што, и покрај новите детали, случајот со отпечатоците останува отворен.

 

Scroll to Top