Русите имаат направено подобар вселенски брод од Американците

Во 1988 година светот дозна дека Советскиот Сојуз имал свој вселенски брод. Оваа тајна Русите ја чувале повеќе од една деценија, а СССР потрошил милијарди рубљи на негова изработка. Неколку летала во тој момент биле во фаза на изградба. Вселенскиот брод е наречен „Буран“, а бил лансиран само еднаш.

Русите почнале да развиваат своја вселенска програма за да одговорат на напредокот што Американците го направија во оваа област. Верувале дека тие својата програма ја развиле за воени цели.

Кога програмата „Буран“ била иницирана, светот шпекулирал дека ќе се користи за изградба на советски вселенски станици и ќе дојде до изградба на други вселенски летала. Но, поради тоа што СССР се распаднал, финансирањето на програмата „Буран“ била прекината. Никој досега не негирал дека „Буран“ изгледал многу слично како и вселенскиот брод. Но, тој на многу начини се разликувал од тоа што го произведувала НАСА.

„Буран“ немал интегриран главен мотор. Речиси целата сила на подигање доаѓала од супер тешката ракета „Енергија“, која се состоела од два одвоени система. Тој барал интезивно одржување, но нудел и голем број предности.

Но, кога ќе стигне во вселената, интегрираните мотори повеќе не се потребни. Без овие мотори, „Буран“ би можел да носи поголема тежина отколку американскиот вселенски брод.

Но, ракетата „Енергија“ би можела да се подигне и самата без „Буран“. Тоа би значело надворешната носивост во вселената да може да достигне и до изненадувачки 100 тони. Од самиот почеток „Буран“ би бил во можност да го автоматизира летот, што би значело дека може да се движи во орбитата и да се врати без екипажот.

Кога станало јасно дека американската програма нема никаква воена цел, Русите не сакале да ја продолжат својата програма.

 

 

Scroll to Top