Секоја сличност е намерна – Каталонија е веќе видена во Југославија

Германскиот новинар Томас Роснер од Белград го следел референдумот во Каталонија. И му се видел мошне познат, а за германската публика објаснува, дека границите по распадот на Југославија можеби не се конечни.

Не само во Барселона, туку и во „далечната“ Србија овој викенд се вееше каталонското знаме. Сите канцеларии на Лигата на Социјалдемократите во Војводина во таа покраина, беа со знамиња, во знак на солидарност со Каталонија.

Претседателот на партијата Ненад Чанак, дури и лично отпатува во Барселона да го следи текот на спорниот референдум за независност.

„Овој референдум ќе има сериозни последици. Централистичката Шпанија, повеќе нема да може да пости и да биде така централистичка како што е денес“.

И во хрватскиот град Риека, локалната партија „Листа за Риека“, ќе бара автономија. Хрватскиот премиер и претседател ќе мода да го прекине својот молк и конечно да го осуди „бруталното насилие“ на шпанската полиција против граѓаните на Каталонија.

Земјата која на својот пат на независност и самата била упатена на солидарност со светот, нема право да ја сврти главата од „срамотната интервенција на Шпанија“, стои во соопштението.

Референдумот во Каталонија, германскиот новинар го потсети на референдумот одржан во Хрватска и Словенија на почетокот на деведесетите, што дефинитивно беше почеток на крајот на Југославија.

Регион на сецесија

Дали поради обзирот кон европскиот партнер Шпанија, или пред се поради поголемата расправа во Србија за независноста на Косово прогласена во 2008 година, која Србија и понатаму не ја признава, мнозинството претставници во земјите наследнички на распадната Југославија, свесно молчеа за каталонскиот референдум за независност.

Притоа баш тој регион беше обележан со војните во деведесетите, а сега спорот околу Каталонија се следи со огромно внимание, насочено како никое друго претходно.

Пред се старите Хрвати, Босанци, Срби и Словенци, кај овој референдум за независноста на Каталонија се сеќаваат и на референдумите кои на почетокот на деведесетите го наговестија крвавиот распад на Југославија. Сепаратистичките тензии ги мачи само повеќенационалниот лавиринт на Босна и Херцеговина.

Но барањата за поголема автономија се слушаат и од другите региони. Слично како во Каталонија и во Хрватска и во Србија, економски најсилни региони, се тие кои бараат поголема финансиска автономија, од нивните централни влади.

Страв од нови граници

„Има ли Истра право на независност од Хрватска“, прашува хрватскиот портал „Индекс.хр“. Иако релативно богатата Истра плаќа значително поголеми даночни пари во Загреб, отколку што од централната влада има поддршка, тежнеењето за одцепување го демантираат дури и политичарите на партијата IDS кои се залагаат за децентрализација на Хрватска.

„Има луѓе кои сакаат самостојна Истра“, вели европскиот застапник Иван Јаковиќ за Индекс.хр, „но тоа никогаш не била наша политика“, додава тој.

„Ние за воља на вистината сакаме повисок степен на регионална автономија, но не и независна истарска држава“.

Во Србија, Војводина веќе од 1945 година го доби статусот на „автономна покраина“, која дури е проширена во 1947 година. Во 1989 година, автократот Слободан Милошевиќ, практично го укина статусот на автономија и во 2002 година, службено таа автономија повторно е воведена со промена на уставот во Србија во 2006 година, по што и е доделена поголема финансиска автономија.

Но, на барањата на регионалните политичари, како што е Чанак, враќањето на широката автономија каква што е воведена во 1974 година, Белград засега не сака ни да слушне.

Отцепувањето како политичка пресметка

Тежнеењето на албанските националисти во подрачјата во Македонија и на југот на Србија, каде тие живеат, со Косово да се обединат во „Голема Албанија“, не наидува на отпор само во Белград, туку и во меѓународната заедница. Таа со повлекувањето на новите граници, се плаши од нови конфликти во регионот кој е обележан со етнички конфликти.

Најупорно се турка заканата за сецесија во Босна и Херцеговина. Босанските Хрвати кои моментално се присилно обединети со муслиманските Бошњаци во една федеративна единица, бараат сопствен ентитет. Водачот на босанските Срби Милорад Додиќ, пак веќе со години од тактички причини се заканува со референдум за одцепвање на Република Српска, за да потоа сепак се откаже од оваа идеја.

Но се се тоа пресметки: поттикнување на етничката напнатост на босанската политичка каста, веќе во изминатиот четврт век се покажа како најдобар начин да се остане на власт.

Изневерените надежи за Сепаратистичките центрифугални сили во земјите на поранешна Југославија се пригушени од неефикасноста која доаѓа од нивната бесконечна економска трансформација.

Барем кога станува збор за економијата, самостојноста кон која тежнееле, и која без желба ја добија, досега едвај да донела подобри времиња, на оние кои на истата и се надеваа.

Само Словенија може да се пофали со значително поголема благосостојба, отколку што ја имала во добата на Југославија. Дури и новодојденците во Европската унија, како Хрватска, ја мачи високата невработеност кај мадите и новиот егзодус на гастербајтери во далечниот свет.

Сиромаштијата, невработеноста и иселувањето ја обележуваат реалноста, а тоа е бесконечното чекање за велз во Европската унија и празната надеж за подобри времиња, која покрај Македонија ги јаде и Црна Гора и Србија. Босна и Херцеговина која самата себе се блокира, се чини дека е оддалечена светлосни години и од статусот на кандидат за пристап на Унијата.

Перспективите за иднина изгледаат мрачно и во европското сиропиталиште за Косово. Додека во меѓувреме и Грузијците, Молдавците и Украинците можат да патуваат без виза во Европската унија, граѓаните на Косово и понатаму мораат да се туркаат пред конзулатите: независноста која во 2008 година гласно се славеше и која Белград се обидува да ја блокира со сите средства, за државниот новајлија, досега се покажа како тмурно продолжение на нејзиното бесконечно отпадништво.

Scroll to Top