ШЕСТ ПРИЧИНИ поради кои секоја војна против Кина е осудена на пораз!

Кина е непобедлива, а постојат шест причини поради кои, секоја војна против Пекинг е осудена на пораз. Азискиот џин е во состојба да мобилизира 749.610.775 луѓе.

Што се однесува до останатите причини поради кои мислиме дека победата во конфликтот со оваа земја е невозможна, ќе мора да прочитате во овој текст.

На почетокот, сакаме да изразиме надеж дека во светот повеќе нема никогаш да дојде до ниту една војна, затоа што војната е зло кое носи само несреќа, беда и јад. Но, со оглед дека луѓето, се луѓе, и дека неколку сериозни војни веќе се водат на три континенти, разбираме дека нашата надеж и верата во мир е очајнички повик.

Кога се зборува за некои иден конфликт, една од земјите чие име се споменува со стравопочит е најмногубројната земја на светот – Народна Република Кина. Поради што мислиме дека е непобедлива, како што истакнавме во насловот?

Да почнеме од почеток, од епитетот кој сите го знаеме, а за кого станува збор: најбројната земја на светот по жители. Кина има жители кои бројат над 1.35 милијарди, што е двојно повеќе од другите две суперсили, Америка и Русија заедно. Според тоа, Кина, де-факто нема обврска да служи воен рок во склоп со, веќе неколку децении воспоставената политика, да се игра на картата на добро обучена професионална војска, наместо да се пука со бројки, за кои сега ние зборуваме. Во случај на некој посериозен конфликт, Пекинг може да мобилизира 749.610.775 луѓе, и мажи и жени. Неверојатно!

Прочуена е изјавата на еден кинески генерал од пред неколку децении, која вели дека тие можат да го преместат Пацификот и така што ќе ги фрлат шлемовите, ако сакаат да извршат инвазија на Америка.

Тука доаѓаме до другата точка во нашето образложение, а тоа е прочуената стратегија поврзана за воените заробеници: Наводно, нема причина во тоа да се сомневаме, неколку стотина милиони резервисти има во една единствена борбена задача во случај на конфликт: да се предаде непријателот.

Генијалноста во ова е тешко неопишлива: Прво, не постои држава на овој свет која може да прехрани толкава количина на луѓе, а да не банкротира, и начисто да пропадне, второ не постои држава на светот која може едноставно да убие толку луѓе, ако нема со што да ги храни и трето, Женевската конвенција ги обврзува да сите завојувани страни се грижат за воените заробеници.

Тука е и големината на Кина: да се окупира во денешно време земја, која завзема толкава површина е едноставно невозможно.

Дури и најмоќната сила во моментов, Соединетите Американски Држави, не можат успешно да покорат и многу помали земји од Кина, како што се Афганистан и Ирак (иако тука постојат и други фактори; се зависи дали Кинезите во некоја опција би капитулирале и како кон тоа би се однесувало населението; искрено се сомневаме дека би било покорно)

Четврто, Пекинг би можел д авложи во развој на своите вооружени сили и од година во година да ја зголеми воената сметка. Не само што имаат сопствено врвно вооружување, туку не се воздржуваат да купуваат и странско. Нивната морнарица конечно почнува да добива облик на офанзивна сила, поради тоа што во тек е развојот на флотата, носачи на воздухоплови. Тие велат дека тоа го работат поради регионална одбрана, а не поради глобалното влијание, но, секако нема да кажат дека сакаат да станат господари на светот. Тоа ни Америка не го говори. Воглавно, не е важно што сакаат, туу дали Кина може да ја изгуби војната или не.

Пето, Кина во моментов е втора економија во светот и забрзано напредува кон превземање на челната позиција од Америка. Ова е важно што се однесува до војната, затоа што од силата на една економија зависи, дали земјата може да го издржи конфликтот и дали може да произведе доволно количина од се што е потребно за војската, за да истата оствари победа на војното поле. Втората светска војна, доби нов тек на настаните, токму кога САД влезе во неа.

На крајот, во шестата точка, сакаме да ве потсетиме на првата: Кина може да мобилизира 749.610.775 луѓе!

Scroll to Top