Симон Боливар уште пред 188 години предвидел дека САД во име на слободата ќе сее терор по другите земји

Целиот свој живот и дело на „ослободителот“ Боливар биле и ќе останат посветени на антиимпериализмот.

Антиимперијализмот е неговиот заштитен знак, тоа што го дефинира. Секоја реченица од која избива бунт, секој поход, секоја борба гради во гради, секој проглас… се било насочено против империјалистичката хегемонија.

Боливар се противел на секој облик на доминација. Тактичките сојузници кои ги создавал со Англичаните, ќе приметите, секогаш биле втемелени на јасни принципи од кои Боливар никогаш не се откажал.

Независноста и суверенитетот на народот претставува срж на боливарската политичка идеологија.

Како гение кој донел промени во времето во кое живеел, Боливар го предвидел почетокот на јадната нова империја – Соединетите Американски Држави. Залудно барал од Сантандер (1) да не ги вклучува САД во Амфиктионскиот конгрес кој е одржан во 1826 година во Панама (2).

Во писмата кои ги испраќал на колумбискиот генерал, жестоко се спротивставил на оваа сила која била во пораст.

Не 5 август 1829 година, Боливар во Гуајакила (Еквадор) му напишал писмо на полковникот Патрициа Кампбела, во кое ги изнесува антиимперијалистичките предупредувања, кои се однесуваат на сите епохи и ширини воопшто.

Во тоа писмо тој размислува за тоа на што се се подготвени Соединетите Американски Држави, за да ја спречи независноста, единството и засилувањето на Нашата Америка. Бил уверен дека се подготвени речиси на апсолутно се.

“…. И што се не би направиле Соединетите Американски Држави?“, се прашува тој во агонија додека ги пишува редовите од ова писмо, настанато пред точно 188 години, барајќи го одговорот од полковникот. “… И што се не би направила таа земја, која изгледа сосема проѕирно предодредена, да во име на слободата сее беда низ Америка?“.

Ова предвидување останало крваво врезано во антологијата на светската револуционерна мисла.

Антиимперијализмот кај сите нас боливарски борци и социјалисти, не е само хир насочен против Соединетите Американски Држави. Воопшто. Тоа е цврсто уверување со научна основа, која тежи да се спротивстави на извитопереноста на современата доба, која се заканува да ја уништи и самата егзистенција на човековиот вид.

Империјализмот е дијалектичка последица на капитализмот, во кој законитоста акумулацијата и концентрацијата на капиталот доведуваат до формирање на монополистички транснационални компании и политичко-воена хегемонија во служба на истиот тој капитал. Поради тоа, империјализмот може да се окарактеризира како перманентна тенденција како насилие и агресија која е нсочено против било кој изразен отпор кој се заканува да ги загрози неговите цели.

Слоганот со кој Боливар најдобро го изразува својот антиимперијалистички став е: „Единство, единство, единство“.

Со истиот, Ослободителот сака да нагласи дека само единството и сојузот се прогресивни сили може да се спречи хегемонистичката ненаситност. Тој слоган денеска е актуелен, од било кога претходно, и не повикува да се издигнеме над мизерната субјективност.

Денеска, како никогаш порано, во човековата историја, единствено народот и револуционерното единство го прават најефикасното оружје против империјалистичката шизофренија. Нуклеарната закана, војните, уништувањето на екосистемот, трговијата со дрога – сето ова наведено има потекло и причина во феноменот на империјализмот. На човештвото останува да му се спротивстави.

1. Колумбискиот генерал Франциско де Паул Сантандер, во тоа време бил потпретседател на Велика Колумбија, додека Боливар бил претседател. Во Венецуела и другите земји на Латинска Америка, валдата уверува дека ги издал Симон Боливара, шпиунирајќи за Американците.

2. Конгресот во Панама е наречен Амфикитионски, во знак на сеќавањето на лигата на соседите, односно сојузот на древните грчки племиња во архајскиот период на грчката историја.

 

Scroll to Top