Снимени последните моменти пред смртта на Американката која водела двоен живот

Жителите на американската држава Алабама и понатаму се во неверување поради смртта на Кетлин Дон Вест (42), мајка и ссопруга, за која е откриено дека во тајност водела двоен живот, како ѕвезда на сајтови за возрасни.

Телото на Вест, под уметничкото име Кити Кет Вест, е пронајдено е покрај една куќа во која живеела со сопругот Вилијам и нивната дванаесетгодишна ќерка. Покрај телото бил пронајден нејзиниот мобилен телефон и шише апсинт.

Полицијата стигнала во посед на снимката на која се гледа како Кетлин во друштво на сопругот неколку часа пред убиството влегува во продавница, од каде купува виски и апсинт.

Таа на снимката делува опуштено и задоволно, баш како и нејзиниот сопруг кој во еден момент дури и ја потапшал.

„Влегле во продавницата изгледајќи како да им е прв состанок. Само се смешкале. Се изгледало нормално“, изјавила Сејси Оглесби, работничката во продавницата, пренесува „Inside Edition“.

Кетлин Вест водела таен живот како многу популарна „кугларка“, односно дама која сака помлади момчиња.

На социјалните мрежи објавила провокативни снимки под името Кити Кет Вест, а доколку некој е заинтереиран да гледа во уште послободни сцени, треба да плати претплата од 12 евра месечно.

 

Scroll to Top