Српско-руска експедиција на островот Хогланд реши случај од Втората светска војна

Соработката на Руското географско друштво и неодамна отворениот Српско-руски географски центар предвидува многубројни настани, но едно од најинтересните е секако размената на студенти и учество на српските географи во бројни експедиции кои се организираат ширум Русија.
Пред три години групата на студенти од Србија учествуваше во меѓународната експедиција на островот Хогланд во Финскиот залив. Таму пронајдоа остатоци од загинати пилоти од еден руски авион, за кои се сметало дека исчезнале без трага. Потоа на основа на одредени документи успеаа да ги откријат нивните имиња и за судбината на пилотите да ги известат роднините.

Соработката со Руското географско друштво и неодамна отворениот Српско-руски географски центар предвидени се многубројни случувања, но едно од најинтересните е секако размената на студенти и учеството на нашите географи во бројни експедиции кои се организираат ширум Русија.

Една од тие експедиции, на кои учествуваа младите српски географи беше на островот Хогланд, во Финскиот залив, каде уште во 1788 година, се водеше битката кај Хогланд меѓу шведската и руската војска, а потоа островот бил место каде се воделе големи битки со фашистичка Германија, пишува Спутник.

Така, станува збор за територијата која многу пати го менувала својот сопственик – прво била дел од Русија, потоа не била во нејзиниот состав, за да на крајот сепак заврши како дел од Руската Федерација. Таа експедиција во голема мера личи на археолошка потрага за остатоците на загинатите војници, објаснува за „Спутник“, извршниот директор на Руското географско друштво Артјом Манукјан.

Покрај тоа, како што вели, таму и понатаму се наоѓаат бројни воени предмети од фашистичка Германија.

„Ние сите тие предмети ги наоѓаме, чистиме, пакуваме и потоа испраќаме по музеите. Минатата година пронајдовме остатоци од загинати пилоти на еден авион, за кој се сметало дека исчезнале без трага“, ја започнува својата приказна Манукјан.

„Имено, до минатата година се мислело дека екипажот од тој соборен авион исчезнал, но, со пребарување на разноразни документи успеавме да ги утврдиме нивните имиња и да ги пронајдеме нивните роднини. Набрзо потоа ги повикавме нивните внуци и паравнуци, и на овој остров Хогланд одржавме мала церемонија, и го подигнавме споменикот на паднатите пилоти“, продолжува Манкујан.

Иако ваквите случаи се само поединечни, Манукјан смета дека војната во Руското географско друштво е исклучително важно за историјата, затоа што оваа експедиција успева да направи нешто што никој претходно го направено.

Иако ваквите случаи се само поеинечни, Манукјан смета дека работата во Руското географско друштво е исклучително важно за историјата, затоа што оваа експедиција успева да направи нешто што никој претходно го нема направено.

„Во моментов во Русија се одвива процесот на обнова на споменикот на загинатите во Втората светска војна. Министерството за одбрана создава огромни електронски бази каде луѓето можат да ги пронајдат своите роднини кои загинале или исчезнале. Ова е нашиот допринес – додава.

Од друга страна, Илија Гуров, заменикот на Манукјанов, вели дека островот во Финскиот залив е вистинска ризница за воените техники од времето на Втората светска војна, пишува Спутник.

„Тешко е да се претпостави дека такво нешто постои во срцето на Европа, но, во Русија тоа го има. Поедини делови на земјата и понатаму се такви, како од времето на војната во 1942 и 1943 година. Таа воена техника практично е недопрена, таа да сите единствени работи, кој е невозможно да се видат некаде на друго место, таму уште стојат.

Поедини објекти, додуша, се префрлени во музеј, некој се веќе рестаурирани, и можно е да се видат како оригинални“, објаснува тој.

Гуров исто така вели дека со сите експедиции на Руското географско друштво, своевидно се проверува сопствената издржливост, со оглед на тоа дека за време на нејзиното траење, се спие во шатори, па дури и во моменти кога временските услови се прилично предизвикувачки.

Претставниците на Србија учествуваа на уште една експедиција „Кизли Курагина“, која се одржува во Туви и Краснојарскиот крај и претставува целокупна низа од преку 70 археолошки споменици кои се простираат низ железничката пруга Елегест – Кизли – Курагино.

„Таму исто така се спиеше во шатори, беше период кога беше исклучително студено, и тоа навистина беше предизвикувачка ситуација. Јас како географ можам да кажам дека баш во такви услови се открива карактерот кај човекот. Работата е напорна, сите мораат да работат заеднички, почнувајќи од подготовката на храна, па се до опстанокот во тешките услови. Многу учесници на експедицијата потоа стануваат доживотни пријатели, а понекогаш се создаваат и бракови. Тоа е една голема школа во животот“, додава Гуров.

Претставниците на Руското географско друштво изјави дека во тек е уште една многу интересна експедиција на Курилските острови, но дека сеуште е рано да се говори за можноста за учество на српските географи во нив, со оглед дека во прашање се острови од вулканско потекло, и многу е ризично на тие локации да се организира меѓународни настани, земајќи ги во предвид правните последици.

„Во прашање е островот Шумшу, каде исто така е испратена археолошка експедиција. Но, кога ќе се видат резултатите од овогодишната експедиција, ќе ни биде јасно дали може нешто да и понудиме на меѓународната заедница“, заклучува Маукјан, пишува Спутник.

Scroll to Top