Студија покажала дека гулабите можат да читаат

Студијата објавена во списанието „Зборник на трудови на Националната академија на науките“  покажува дека гулабите можат да научат да читаат и да бидат во состојба да разликуваат зборови од неформулирани гласови.

Научниците ги истренирале четирите најпаметни гулаби да можат да ја увидат разликата меѓу зборовите од четири букви и „незборовите“, што всушност значи дека можат да ги препознаат буквите во речениците.

Националната академија на науките во Вашингтон се одлучи да ги тестира четирите најпаметни гулаби кои можеле да ги пронајдат и да им покаже 8000 комбинации на зборови и комбинации кои не претставуваат зборови.

Авторите на студијата ја мереле способноста на гулабите и ја споредиле со онаа на павијаните и луѓето сметајќи дека нивната способност да ги разликуваат анаграмите всушност повеќе може да се спореди со писмените луѓе отколку со павијаните.

Методот кој научниците го користеле за да се утврди дали гулабите може да разликуваат зборови од незборови е прилично едноставна. Тие прво ги истренирале птиците да јадат од хранилка.

Во видеото е прикажано истражувањето од 2007 година, кое ја покажува постапката на тренирање на гулабите позната под името „Павлова техника на кондиционирање“.

Откако гулабите го минале тренингот, научниците почнале со постапката на стимулирање на зборови и незборови, поддржани низ отворот на хранилките.

„Гулабите биле наградени за своите точни одговори со пченица. „Постапката на исправка се користела во текот на тренингот, така што на погрешен одговор тестирањето се повторувало сè додека испитаниот гулаб не го дал исправниот одговор“, објаснуваат научниците.

До крајот на истражувањето секој гулаб научил да разликува десетина зборови. Q32 гулабот научил 26 зборови. Q35 бил најпаметен и научил дури 58 зборови.

Авторите на студијата потоа заклучиле: „Визуелните системи на организација се различни од видниот систем кај приматите и можат да бидат повторувани во постапката на визуелно обликување на зборовите“.

Што значи тоа? Тие прекрасни мали птица со крилца се попаметни од што може да замислите. Чувајте се.
 

 

 

Scroll to Top