Со своите постапки ја загрозуваме иднината на нашата планета

Нашето опкружување и планетата се соочува со намалување на ресурсите. Речиси 10 милијарди луѓе ќе живеат на Земјата до 2050 година. Денот на превенција, кој се обележува во август, е шокирачки потсетник дека од планетата сме зеле многу повеќе отколку што таа може да обнови.

Секој ресурс што го користиме го позајмуваме од идните генерации. Врз основа на моментната потрошувачка, набргу ќе ни треба дури трипати повеќе природни ресурси.

Уште сега можеме да ги видиме последиците од своите дела. Економските губитоци поради временските услови пораснале 86 отсто, односно на 129 милијарди долари за време на последните 10 години.

Дури и основните ресурси се загрозени, на пример, водата. До 2030 година за целата популација ќе бидат потребни дури 40 отсто повеќе вода отколку што планетата ќе може да ни овозможи.

Вложување на бизнисот и брендовите

Работата како и обично не е доволна. За да се преживее во работата, компаниите ќе мора да се согласат на промени и да пронајдат решенија. Тие што влијаат на животите на милијарди луѓе, мора да промовираат разговори, да влијаат на ставовите, да го менуваат однесувањето и да овозможуваат решенија.

Потрошувачите сѐ почесто сакаат брендови што работат многу повеќе, а не оние што само решаваат проблеми, пренесува weforum.org.

Многу брендови создадоа револуционерни решенија во кои ресурсите повторно се користат на крајот од својот живот наместо да се одлагаат за подоцнежен термин, односно во блиска или подалечна иднина.

„Проктер и Гембл“ го најави првото рециклирано шише шампон, кое е направено од рециклирана пластика на Светскиот економски форум во Давос во 2017 година.

Во октомври 2017 година во Италија е лансирана првата индустриска фабрика на светот, која е способна да рециклира 100 проценти потрошени производи за хигиена, како што се пелените за бебе и пешкирите.

Партнерство и иновација

Прифаќањето на кружната економија е најголемата можност за нашите животи. Нашиот заеднички пат кон одржлива иднина бара нова перцепција на потрошувачката и одговорноста.

Ниту една компанија не може самата да го реши проблемот, туку потребно е да даде позитивен придонес во светот.

Заедно можеме да создадеме иновативни решенија затоа што одговорното трошење е нашата иднина.

 

 

 

 

Scroll to Top