Тајна соба која ја открива вистината за слетувањето на „Аполо 11“ на Месечината

Дали режисерот Стенли Кјубрик во својот филм „Сјаење“, снимен во 1989 година, се обидел да ни го открие лажното слетување на Месечината?

Повеќе од 30 години гледачите се обидаат да ја дознаат вистината која се крие во еден од најдобрите хорор филмови на сите времиња.

„Сјаење“  е извонреден хорор на Стенли Кјубрик и  повеќе од 30 години извор за неверојатна теорија на заговор.  Кјубрик починал во 1999 година и многумина веруваат дека голем дел од тајните се погребани со него.

Кјубрик филмот го снимал дури пет години, а главната улога му ја доверил на неповторливиот Џек Николсон, кој маестрално го одглумил ликот замислен во нарушениот или само опседнат ум на писателот Џек Торанс.

Целата операција е изведена во хотелот „Оверлук“ во кој Џек  во текот на зимата работи како чувар додека хотелот е затворен. Со него се сопругата и синот. По некое време почнуваат да се случуваат необјасниви работи, а границата меѓу овој и оној свет се брише.

Теорија

Постојат неколку теории за филмот „Сјаење“ кои најдетално се разработуваат во извонредниот документарец „Соба 237“.

а) Стенли Кјубрик бил детален и не оставил ништо на случајот

б) Тој е мртов, така што не можете да негирате ниту еден од ексцентричните заговори кои го носеле бремето на неговите филмови.

Една теорија, сепак, ги надминува сите други и во смисла на лудилото: Теоретичарот Џеј Веиднер тврди дека филмот на Стенли Кјубрик „Сјаење“  има многу траги кои укажуваат дека слетувањето на Месечината од страна на НАСА во 1969 година било лажирано. Но, дали е тоа вистина?

Докази

Веиднер верува дека НАСА била толку очајна да ја победи Русија во вселенската трка, што тие го контактирале режисерот Стенли Кјубрик да го сними лажното слетување на Месечината, па според него, ќе оделе до тој степен дури и да снимат како се тепале со Русите на површината на Месечината.

Доказите за тоа како што вели Вејднер лежи во техниката позната како „прва проекција“, односно во злогласеното видео на НАСА со слетувањето на Месечината, кое Кјубрик како пионир, ваквата техника ја употребил во филмовите како што се „2001 Одисеја во вселената“.

Филмот е снимен 11 години откако Нил Армстронг отишол на Месечината, и е тежок сомболизам кој сугерира дека Кјубрик ја исповедал својата тајна.

Теоретичарите на заговот тврдат дека во филмот лежи вистината за спуштање на Месечината.

Сепак, околу филмот се преплеткуваат разни теории на заговор, а најпознатата меѓу нив е таа во која се тврди дека филмот тој го искористил за да го призна своето мешање во лажирањето на слетувањето на Месечината.

Теоријата за тоа како Кјубрик ја режирал и лажирал мисијата Аполо 11 постои од лансирањето на самата мисија.

Некои теоретичари на заговор тврдат дека славниот режисер во филмот признал се. Еве што Кјубрик „кодирал“ во самиот филм за да ја пренесе својата вмешаност во најголемата измама на американската влада.

Симболизам

  • Во продолжение видливи се големи количини на „Tang“ сок во прав кој е користен во мисијата Аполо 11.
  • Дени (синот на Џек) носи џемпер и слика од ракета на која пишува Аполо 11.
  • Собата 237 (во која се одвива големиот дел од филмот) наводно ја претставува оддалеченоста на Месечината од земјата 237 илјадници милји (иако тој податок не е во целосно исправен).
  • Кога Џек на машината за пишување напишал „All work and no play“ – All изгледа како А11, што повторно се однесува на мисијата Аполо.
  • Духовите на близнаците кои ги покажува Дени, според теоретичарите на заговор ја претставуваат вселенската програма на НАСА.
  • Како главен доказ за тоа дека Кјубрик ја открива вистината за големиот заговор, се наведува еден дел од текстот во филмот од една негова реална кавга со сопругата кога и вели: „Зар тебе навистина ништо не ти значи тоа што ние сме сопственици на хотел и на укажаната доверба и тоа што самиот го потпишав договорот и ја прифатив одговорноста?

Освен референцата на Аполо 11 Кјубрик во текот на снимањето користел и симболи на Илуминатите, кои на крајот го убиле а истовремено неговата смрт ја оправдале со прекин на работата на неговото срце.

Scroll to Top