Тајната на антигравитацијата – Никола Тесла откри уште неколку чудесни работи за кои никогаш не сме слушнале

Никола Тесла се смета за еден од најиновативните и најмистериозни луѓе кои некогаш живееле на планетава. Доколку Тесла не дошол до бројни откритија во својот живот, нашата технологија денеска би била прилично неразвиена. Но, Тесла открил уште некои работи за кои не знаеме?

Дали навистина бил во контакт со вонземјанин, како што јавно тврдел? Тој е еден од најневеројатните изумители на нашата цивилизација, а неговото знаење и идеи, достигнуваат далеку над неговото време, пишува „Apparentluapparel“.

На него му се припишува и поголемиот дел од технологијата, која денеска ја користиме. Без неговиот изум не би ги имале радијата, телевизијата, наизменичната струја, флуоресцентните осветлувања, неговиот калем, неонските светлики, роботиката, радарот, микробрановите печки, и многу други изуми кои ни го олеснуваат нашиот живот.

Но, се смета дека Тесла бил упатен и во тајната антигравитација, поради што го регистрирал патентот со број 1.655.144 за неговата летачка машина во 1928 година, која личи на комбинација на хеликоптери и авиони. Пред својата смрт, Тесла ги развил плановите за погонски систем на ова летало. Ги нарекол „вселенски погон“, или погонски систем на антиелектромагнетно поле.

Интересно е да се напомене дека Вилијам Р. Лине, во својата книга „Култна електрична физика“, навел дека Тесла на конференцијата од 1938 година, ги подготвувал предавањата за динамичната теорија на гравитација.

Лајн понатаму истражувал и ги анализирал тврдењата и текстовите на Тесла, откривајќи некои негови текстови кои имаат врска со тоа, но изворите се многу ограничени, поради тоа што документите на Тесла се чуваат во трезори од страна на властите поради национална безбедност.

Кога Лајн ги побарал овие документи во Центарот за истражување на националната безбедност во 1979 година, одбиен му е пристапот со образложение дека документите се доверливи.

Тесла имал големи идеи и имал малку успеси во своите теории. Тој во 1938 година говорел за две свои неверојатни откритија.

Динаминча теорија на гравитација. Според оваа теорија, се претпоставува дека постојат сили, кои влијаат на движењата на телата во вселената, а кои емитуваат енергија во квантин.

Енергија на околината – Откритие на новата физичка вистина: Нема енеригја во материјата која не потекнува од околината. Ова тврдење ја противречи теоријата на Ајнштајн за релативност (E=mc2).

Тесла наведе дека во периодот на исполнување на вселената, со некоја материја која пропатува со брзината на светлината, истата таа преминува во етер, а кога исчезнува, нејзината сила и движење човекот може да ги искористи во процеси како на пример:

1. Да создаде материја од етер

2. Да создаде што сака со помош на материјата и енергијата

3. Да ја промени големината на Земјата

4. Да ги контролира годишните времиња (временските прилики/неприлики)

5. Да ја води Земјата низ вселената како вселенски брод

6. Да создава ново сонце, ѕвезди, топлина и светлина при судирањето на планетата

7. Да развива живот

Тесла всушнсот говори за неограничена енергија, бесплатна енергија која би доаѓала директно од околината. Сите негови неверојатни откритија поврзани со бесплатната енергија, мистериозно завршиле во посед на власта, која оневозможила да тие документи стигнат во јавноста.

Да се вратиме на антигравитацијата и леталата на Тесла. Тесла открил дека електростатичката емисија на површината, секогаш е концентирана таму каде што површината е заоблена или каде се наоѓа нејзиниот раб. Колку повеќе кривината е пострмна, толку повеќе има концентрација на емитување на електрони. Тесла исто така напоменува дека електростатскиот набој, се движи преку површината на водичот отколку низ неа. Оваа појава претставува принцип по кој функционира кафезот на Фарадеј, кој се користи во лабораториите за истражување на висок напон, за да луѓето се заштитат од електричната опрема.

Според извештаите, внатрешноста на леталото на Тесла се состои од кружни канали или колони, кои минуваат низ центарот на леталото. Тие послужуваат како костур на објектот, и се наоѓаат под висок напон. Се верува дека токму резонантниот трансформатор овозможува електростатично и елетромагнетско полнење, како и поларност на леталото. Калемот кој се наоѓа внатре во леталото, е она што денеска го знаеме како калемот на Тесла, а  го измислил токму тој во 1891 година.

Се верува дека атмосферскиот притисок може да патува низ цевка за да се создаде вакум во едната хемисфера на леталото, па исотот да го покрене некој вид на електричен генератор. Се наведува дека вонземјаните го користат овој систем за да создадат електрична енергија на својата планета.

Инаку, многу научници денеска се мачат да произведат струја со потенцијал од 5.000.000 волти, додека Тесла пред 40 години, успеал да произведе струја со потенцијал од 135 милиони волти.

Scroll to Top