Тилерсон го призна поразот на САД во Сирија

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон, во текот на разговорот со главниот секретар на ОН Антонио Гутерес, изјави дека судбината на сирискиот претседател Башар ал-Асад е во рацете на Русија, пишува „Foreign Policy“.

Како што дознава весникот од неименувани извори, моменталната задача на администрацијата на Доналд Трамп, е да ја одржи победата над терористичката организација „Daesu“, како и да ја осигура сириската војска да напаѓа со хемиско оружје.

Но, Foreign Policy го оцени ставот на Тилерсон, за тоа дека сириската власта со поддршка на Русија и Иран победила и во политички апсект, во шестгодишната граѓанска војна.

Весникот потсетува и дека пред три месеци Тилерсон инсистирал дека Асад мора да ја напушти својата функција, но денеска тоа повеќе не е случај.

Од Стејт Департментот не сакаа да ја коментираат средбата меѓу Тилерсон и Гитерс, иако истакнаа дека Вашингтон останува приврзан за Женевскиот процес кога станува збор за пронаоѓањето на решенијата за Сирија.

Scroll to Top