(Трет дел) Папата кој сакаше да го промени Ватикан умрел по само 33 дена на тронот

ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР

Со време се појавиле неколку книги во кои се наведува дека „убиството“ на папата е заташкано со заговор. Според една верзија, приказните на папата е дека тој бил отруен, а отровот бил „дидџиталис“ и бил ставен во неговиот лек за притисок. Многумина сметаат дека причината зошто аутопсијата никош не била извршена, и зошто папата во рекорден рок бил балсамован.

Ватикан никогаш не повикал полицијата откако се случил овој настан, така што не постои полициски извештај и фотографии од лице место. Едни веруваат дека папата починал во кревет, откако го испил отровот, додека други мисалат дека починал од нешто друго, и дека отровот е пронајден на подот, не покрај него.

Според таа теорија, неговите секретари го пронашле згрчен на подот, па го вратиле назад во кревет, и го наместиле во положба во која подоцна телото и официјално било соопштено дека било пронајдено.

Од друга страна има и од оние кои мислат дека папата умрел од болки во градите, природна смрт, а дека секретарите го откриле надвор од креветот. Тука се истакнува дека тие наводно го вратиле во кревет и го поставиле во положба во кое телото подоцна и официјално е откриено, за да се заштити неговиот углед.

МОЖНИТЕ МОТИВИ ЗА УБИСТВОТО?

Дејвид Јалоп изјавил дека Ватиканската банка била вознемирена поради тоа што новиот папа посакал да започне истрага за можната злоупотреба во корупцијата на таа индустрија. Дополнително, Јалоп изјавил дека папата Јован Павле I грчевито го држел листот со истакнати католици кој биле тајни членови од групацијата масони (нешто што е илегално), и дека на документот биле истакнати финансиските злодела на членовите на црквената хиерархија.

Стечајот на банката Амброзијано за која се доведува во врска со Ватиканската банка, многумина го поврзаа со смртта на папата. Лусијен Грегоре напишал неколку книги за своите теории за смртта на Јован Павле I. Тој укажал на вмешаноста на ЦИА, Русија, но и на ултраконзервативните црквени официјални лица, кои сметале дека прогресивниот папа би можел да ги симне од високите положби.

Постои и теорија дека Јован Павле I ја истражувал можноста за враќање на латинската миса, за која многумина црквени официјални лица изјавиле дека би ја упропастила црквата. Следбениците на оваа теорија веруваат дека Јован Павле I морал да биде замолчен за да не напредува понатаму на овој пат.

ВАТИКАН ГИ ОТФРЛА ПРИКАЗНИТЕ ЗА ТРУЕЊЕТО!

Папата Јован Павле I, кој на местото на католички поглавар минал само 33 дена пред да почине од срцев удар во 1978 година, дефинитивно не е отруен, изјавил монсињор Енрико дал Коволо.

Дал Коволо во интервју за италијанскиот канал „TGCOM“, во 2012 година изјавил дека документот и 167-те сведочења кој ги собирал за ивештајот кој требало да биде предаден на Ватикан, го отстрануваат секој сомнеж за убиството на папата, со што, како што е наведено дефинитивно се демантираат теориите на заговор, пренесува AFP.

Линк од првиот дел

Линк од вториот дел

 

Scroll to Top