(Трет дел) Зошто „Фејсбук“ ги блокира фановите на Слободан Праљак?

Зошто „Фејсбук“ блокира?

„Фејсбук“ често има многу чудни критериуми кога  е во прашање блокирање и не бара оправдување ниту објаснува зошто одредена содржина ја блокира. Но, „Фејсбук“ е приватна компанија и може така да функционира.

Во случајот со Слободан Праљак, би можело да се дојде до повеќе одговори.

За почеток, судот на ОН, кој го признава и Хрватска, иако тоа можеби во последните денови го заборавија и претседателот и премиерот, Слободан Праљак беше прогласен за воен злосторник. Откако го испи отровот,  веста ја пренесоа сите светски медиуми. Можеби тоа беше причина „Фејсбук“ сериозно да се позанимава со овој проблем. „Фејсбук“ сигурно не би се потпрел на тоа што мислат Хрватите за Праљак туку на проценката на меѓународниот суд. Во овој случај има уште еден детаљ до кој „Фејсбук“ би можел да се држи. А тоа е фактот дека Праљак извршил самоубиство, а  многумина  го славеа тој чин. „Фејсбук“ има доста строги правила околу превенција на суицидот, и можеби на целиот случај треба да се гледа на тој начин.

Постои веројатност „Фејсбук“ да примил пријави, ги согледал, прифатил и потоа одлучил да дејствува по автоматизам. Од тука, голем број  блокирани корисници, што резултираше со блокирање и на некои страници кои критички пишувале за Праљак, но имале и негова фотографија. „Фејсбук“ често работи по автоматизам. Како пример, неодамна беа блокирани голем број луѓе кои го користеле зборот „кожојеб“, а некои се блокирани поради објава стара неколку години.

Како и да е, „Фејсбук“ има некоја своја политика, но тоа не е причина да се прават теории на заговор. На крајот на краиштата, во Хрватска има милион корисници на „Фејсбук“, а оваа бројка е занемарлива во однос на бројот на корисници во предградието на некоја светска метропола. Тешко е да се замисли дека „Фејсбук“ или Зукенберг, кој исто така е повикан, своето време го трошат на блокирање статуси на Марица од Грачач, која смета дека Хашкиот суд прави злодела.

И уште една важна работа која многумина ја забораваат, и левичари и десничари, „Фејсбук’ е приватна фирма која дејствува на пазарот и која има право да прави што сака. Ако сака да блокира, ќе блокира, и не мора ништо да објаснува.

А на корисниците останува дали мрежата ќе ја напуштат или ќе продолжат да ја користат.

Линк од вториот дел

 

 

Scroll to Top