Вака Русија одговори на новите американски санкции – Го отфрли доларот

По новите санкции против Русија, кои претседателот Доналд Трамп ги потпиша минатата недела, Москва одговори во понеделникот дека Русија ќе ја забрза работата на намалување на зависноста на земјата од западните системи на плаќања и американскиот долар во целина, според руската државна новинска агенција РИА Новости.

„Ние се разбира, ќе ги интензивираме работите во пронаоѓање на замените за увоз, намалување на зависноста за платежните системи на САД, доларот како валута на порамнување и така натаму. Тоа станува витална потреба“, изјави заменик министерот за надворешни работи Сергеј Рубаков во понеделникот, наведе РИА.

„Инаку секогаш седиме на нивната кука, а токму тоа на нив им е потребно“, додаде тој.

Изгласаниот закон за санкциите на Русија, кои ги создадоа американските политичари поради постојаните обвинувања дека Русија имала влијание на американските претседателски избори во 2016 година, мина низ Конгресот на масата на Трамп, за конечното да бидат усвојени на крајот на јули.

Русија не го чекаше потписот на американскиот претседател, и храбро одговори само неколку часа по одобрувањето на американскиот Конгрес. Како што извести CNN:

„Претседателот Владимир Путин возврати на новите американски санкции со намалување на американскиот дипломатски персонал, во својата дипломатска мисија во Русија за 755, што е најагресивен потег на Москва против Вашингтон од последните години на Студената војна“.

Трамп поптиша закон за санкциите минатата среда на 2 август.

Заменик министерот за надворешни работи Руабков даде коментар во понеделникот кој беа сличен на оној на неговиот шеф, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, кој се состана пред неколку дена со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон на маргините на форумот „Association of Southeast Asian Nations“ (ASEAN) на Филипините.

Говорејќи за односите на САД со Русија, Тилерсон изјави во понеделникот дека постои „сериозна недоверба меѓу нашите две земји“, но дека „едноставно мора да се пронајде некој начин да се соочат со тоа.

За наводното руско мешање во претседателските избори во 2016 година, Тилерсон изјави дека САД треба да и помогне на Русија да „разбере колку е сериозен овој инцидент и колку сериозно е отсечен односот на двете земји“.

Државниот секретар исто така изјави во понеделникот дека службениот одоговор на руското протерување на 755 американски дипломати на крајот на јули, може да се очекува до 1 септември.

Scroll to Top