Вашингтон ја преименува улицата каде што се наоѓа руската амбасада

По многубројните притисоци на руските медиуми во САД, кои се прогласени за странски агенти, по претресот на руската амбасада стигна уште еден чин на притисок кон Русите во Америка.

Властите во Вашингтон одлучиле да ја преименуваат улицата каде што се наоѓа руската амбасада и ја да прекрсти по убиениот руски опозициски политичар.

Станува збор за Борис Немцов, кој беше застрелан среде Кремљ во 2015 година, а одборот за преименување на улицата вели дека одлуката за почеста за убиениот демократски активист е донесена едногласно, пишува Би-би-си.

Руските политичари го критикуваа овој потег, а Владимир Жириновски, лидерот на националистичката LDPR партија, го нарече овој потег валкан трик.

Со него се согласи и членот на Комунистичката партија, Дмитри Новиков, кој изјави дека  американските власти премногу се вовлекле во сопствената игра на мешања во руските внатрешни работи.

Немцов, истакнат критичар на рускиот претседател Владимир Путин, беше застрелан во февруари 2015 година додека се враќал дома од еден ресторан во Москва.

Неговата ќерка Жана допатувала на почетокот на декември во Вашингтон за да се заложи за промената на името.

„Моменталниот руски политички режим сака да ги избрише сеќавањата на мојот татко затоа што исправно веруваше дека симболите се важни и дека потенцијално можат да поттикнат и инспирираат промени“, изјави пред Собранието

Поради убиството на нејзиниот татко биле осудени петмина Чеченци, но неговото семејство и поборници веруваат дека личноста која го нарачала тој злостор и понатаму е на слобода.

 

 

Scroll to Top