Вашингтон мора да прекине со трошење на пари за војни за промена на режими

Во острата критика на воените хушкаши кои со помош на војните ги менуваат режимите во светот, конгресменката од Хаваи, Тулси Хабард ги молела своите колеги пратеници да гласаат за укинување на помошта на постојните воени акции.

Неколку од нив се огласија на повикот.

Габар која служела 12 месечна турнеја во Ирак, како теренска болничарка, ги повикала нејзините колеги застапници да се соберат зад иницијативата „Закон за прекин на вооружување на терористите“, кој е поднесен во Конгресот на почетокот на минатата година.

„Праксата на трошење на долари од даночните обврзници за финансирање на војните која ја спроведува контрапродуктивна промена на режимот, мора да заврши“, напишала таа на Твитер.

„Одамна требаше да го изгласаме „Законот за прекин на вооружување на терористите“ и да делуваме за да ги спречиме терористичките групи како Ал-Каеда или државните спонзори како Саудиска Арабија од примање на кеш пари, оружје или известувачки ифнрмации“, дополни таа.

Нејзиниот закон HR 608 или „Стоп за вооружување на терористите“, наведува дека ќе се забрани употреба на средства на Соединетите Американски Држави за пружање на помош на Ал-Каеда, Исламската држава и оние кои ги поддржуваат.

„Секој Американец би бил изненаден да знае дека веќе со години нашата влада дава исклучителна и безрезервна поддршка на вооружените милитантски групи, кои директно работат со или под заповедништво на терористичките групи како што се Ал-Каеда и ИСИС, и настојуваат со борбата да ја тргнат сириската влада“, изјави Габард за Раша Тудеј во март минатата година.

 

 

Но, идејата со која американските даночни обврзници не би трошеле пари за вакви цели, не доби голема поддршка во Конгресот, затоа што Габард не успеала да ги поттикне нејзините колеги во борбата против таквиот американски систем.

Во Претставничкиот дом, само 14 парламентарци го потпишале законот. Во меѓувреме, сличен закон во американскиот Сенат донесе и Ранд Пол, но истиот не доби поддршка од ниту еден член.

Тоа значи дека американскиот воен апарат и понатаму ќе финансира со цел рушење на влади во држави кои не сакаат да и се покорат на Америка и нејзината надворешна политика.

 

Scroll to Top