(Видео) Мистериозна огнена топка прелета над шест американски држави

Метеор кој прелета над Мичиген предизвика земјотрес во тоа подрачје со јачина од два степена според Рихтеровата скала.

Експертите наведуваат дека светлината што се појавила на небото над Мичиген во вторникот вечерта и нешто што наликувало на грмотевица всушност било метеор, пренесува АП.

Американското здружение за следење метеори соопшти дека примиле над стотина пријави за огнена топка што се движела над Мичиген, како и над Детроит, а дека пријави стигнувале од неколку други сојузни држави од Онтарио во Канада.

„Откако ги прегледавме големиот број снимки што ги направија граѓаните на Мичиген, со сигурност можеме да потврдиме дека не се работи за грмотевица туку за метеор“, изјавија од споменатото здружение.

Неколку жители на Мичиген пријавија дека нивните домови се треселе, а од здружението соопштија дека метеорот влегол длабоко во атмосферата пред да се распадне.

Од Геолошкиот институт во САД соопштија дека Мичиген регистрирал земјотрес со јачина од два степена. Меѓу државите во САД од кои стигнувале пријави за метеор биле Илиноис, Пенсилванија, Охајо, Индијана и Мисури.

Scroll to Top