(Видео) Земјата може да остане без штит од радијација

Земјата има вжештено јадро, кое, меѓу другото, создава магнетно поле што ја штити нашата планета од разни влијанија на соларните ветрови.

Ова поле се простира на илјадници километри во вселената, а влијае и на многу работи, пред се,̀ на комуникациите и снабдувањето со електрична енергија.

Но, полето, според тврдењата на научниците, ослабело 15 отсто во последните 200 години. Тоа, како што велат, е знак дека магнетните полиња ќе се заменат.

Даниел Бејкер од универзитетот во Колорадо тврди дека ова се знаци за големи промени.

Историски, половите на нашата планета се менуваат на секои 200.000 до 300.000 години. Но, последната промена според податоците на научниците се случила пред 780.000 години.

Сателитската снимка од Европската сателитска агенција укажува дека промената е неизбежна.

Растопените никел и железо во Земјиното јадро ја црпат енергијата на местата каде што треба да дојде до промена на половите.

Кога тоа ќе се случи, Земјата ќе биде изложена на милост и немилост на соларните ветрови, кои може да продрат низ озонската обвивка.

Нивното влијание може да биде погубно по човештвото, да создаде нарушување со снабдувањето на енергија, климатски удари и да биде зголемен бројот на заболени од рак.

Според некои студии, глобалното затоплување повеќе е последица на влијанијата на соларните ветрови отколку на емисиите на CO2.

Врз основа на историските податоци, ако ова слабеење на магнетното поле продолжи да се случува, Земјата би можело да заврши како Марс.

 

Scroll to Top