(ВИДЕО) Жарко и Малик се последните дечиња кои ја видоа принцезата Дајана пред смртта

Дајана ја посети Босна во 1997 година и во таа прилика се сретна со жртвите кои престојувале на рехабилитација.

Принцезата Дајана, на ден пред својата смрт имаше намера да испрати серија на писма за да лобира и ја подигне свеста за опасноста од мини. Принцот Хари ова го откри откако се сретна со луѓето кои последни имаа можност да ја видат. Тука спаѓаат и две момчиња од Босна, кои останале инвалиди по експлозијата на мината.

Ја откри и преписката од 31  август 1997 година, пред седум месеци кога ги средувал старите документи во Кенсингтон палатата.

Принцот во документарецот ITV„Дајана нашата мајка: Нејзиниот живот и оставината“, кој е роден на 20 годишнината од смртта на Дијана, изјави дека пронашол низа на писма кои од 31 август стоеле на нејзината работна маса.

Смета дека ги напишала откако се вратила од Босна која беше зафатена во војната. Ова подрачје го посети три недели пред загинувањето.

„Таа точно знаела што треба да прави. Пишувала писма на одредени луѓе да ги направат исправните работи, за да нешто се случи за да ја промени состојбата на терен“, изјави Хари.

Кинсинтонската палата одбива да го коментира прецизната содржина на писма и на кого истите биле адресирани.

Дајана ја посети Босна во 1997 година, и во тој момент ги сретна жртвите кои престојувале на рехабилитација.

Во документарецот се појавуваат и Србинот Жарко Периќ и Босанецот Малик Брадриќ, кои имаа 12 и 15 годидни кога ја запознаа Дајана, а исто толку години во тоа време имаа и принцевите Хари и Вилијам.

Во документарецот се појавуваат и Србинот Жарко Периќ и Босанецот Малик Брадариќ, кој имаа 12 и 15 години, кога ја запознаа Дајана, а исто толку години во тоа време имаа и принцевите Хари и Вилијам.

Жарко и Малик изгубија по една нога, откако случајно стапнале на мината, пренесува еxpress.co.uk.

„Мислил дека ќе биде типична принцеза која носи бел фустан и има волшебно стапче. На нас никој до тогаш не ни помогна, а таа не уверуваше дека на нас ќе ни помогне“, изјави Жарко.

„Луѓето кои ја преживеаа војната подоцна, сторија самоубиства, но јас имав среќа. Добив морална поддршка од принцезата Дајана и тоа ми беше ветер во грбот“, изјави Малик.

Принцот Хари неодамна прозва четири жртви кои ја преживеале експлозијата на мината да го посетат во Кинсгтон палатата.

Во разговорот со двете момчиња од Босна, Хари изјави дека тие биле последните луѓе кои ја видоа неговата мајка.

Три месеци по смртта на принцезата Дајана во Отава беше потпишан меѓународен договор кој ги забрани мините.

Принцот Хари се осврна и на неверојатната добротворна работа на неговата мајка, пренесува еxpress.co.uk.
„И беше тешко и кај неа таа работа претставуваше напнатост. Потребен ви е одмор, а вие тогаш повторно одите некаде каде ви е потребна вашата помош“, изјави тој.
Дајана особено беше посветена на работата со бездомниците, работата за да се намали стапката на смртност кај децата и подигнатата свест за ХИВ и сида.
Фотографијата на овие момчиња од Босна погледнете ги на следниот линк:
Целиот документарец пак можете да го погледнете овде:
Погледнете ја снимката:

Scroll to Top