(Втор дел) Откриени разговори на геј-свештеници од Ватикан

Линк од првиот дел

Продолжение

Разговорите, како што наведоа, биле поврзани и со експлицитни фотографии.

На почетокот било објавено дека скандалот можел да вклучува и повеќе од 50 свештеници бидејќи првата верзија на пописот содржела имиња на 49 свештеници.

Но, Франческо Мангијацапра ја повлекол првичната изворна верзија бидејќи некои од имињата што имале врска со тие сексуални разговори исто така вклучувале и групни средби.

Франческо станал истакнат кога го разоткрил отец Лука Морини, кој го носел прекарот Дон Еуро поради својот непристоен начин на живеење.

Морини, поранешен пратеник на Фосоне, Авена и Цанипарола, е осомничен за трошење илјадници евра за услуги на машко друштво, скапи ресторани, забави, луксузни хотели и набавка на дрога за себе и своите љубовници.

Видеозаписите се емитувани на популарната италијанска ТВ-емисија „Ли Лена“, која покажа како свештеник зема кокаин со машки обожаватели, а оние што со години го познавале Морини признале дека биле свесни за неговите навики кои извлекувале пари од црквата и верниците.

Отец Морини се соочува со повеќекратни обвинувања вклучувајќи и проневера, измама, дистрибуција на дрога и уцена.

Полицијата открила речиси 900.000 илјади долари готовина и 180.000 долари во дијаманти кај посрамениот отец. Неговото прелиминрано судење ќе почне на 8 март.

Католичката црква смета дека хомосексуалните дела се спротивни на природниот закон и тие не може да се одобрат според никакви околности. Но, не смета дека хомосексуалната ориентација е грев сам по себе сè додека личноста не го стори делото.

 

 

Scroll to Top