(Втор дел) За исчезнатиот малезиски авион се знае многу повеќе од што се мисли

Луѓето што работеле на потрагата за исчезнатиот лет „МH370“ веруваат дека тој авион се движел многу блиску до планираната рута, а тоа го покажуваат и сигналите што авионот ги испраќал преку сателитот. Кога пилотот престанал со комуникацијата, авионот свртел од својата вистинска рута.

Проблематичниот живот на пилотот

Австралиската ТВ-станица пред две години објавила шокантна приказна за љубовниот живот на командантот во воздухопловството, човекот за кој се смета дека поради него настрадале недолжи луѓе. Според оваа приказна, Захари Ахмад Шах бил заљубен во омажена жена со име Фатим Парди. Оваа жена (35), која работа како воспитувачка во градинка, ги прекинала контактите со пилотот два дена пред несреќата и на тој начин му го скршила срцето.

Капетанот бил разведен, имал две деца со сопругата од првиот брак и очигледно големи планови за иднината со Фатиме Парди.

Во текот на истрагата, според изворите на ТВ-станиците, сослушани се и воспитувачката од градинката и поранешната сопруга на капетанот, Фаизах Ханун, но деталите од тие сослушувања што ги имал ФБИ не биле достапни до јавноста. Пилотот останал да живее во истиот стан во Куала Лумпур со сопругата, од која се развел и очигледно имал големи емотивни проблеми.

Пред точно две години од трагедијата на Питерт Фоли, главниот инспектор на истрагата за исчезнатиот авион во Австралиското транспортно биро изјавил дека постои сателитска снимка од падот на леталото, која сведочи дека авионот се урнал во океанот.

Сите сигнали наведуваат дека станува збор за намерно уривање на авионот.

Порашениот австралиски премиер Тони Абот тврди дека пилотот го срушил авионот на летот „МH370“ со цел да ја создаде најголемата мистерија на светот.

 

 

„Најверојатното сценарио е дека пилотот самоубиец сакал да го однесе авионот максимално во спротивен правец кон југ и да го сруши за никој да не може да го пронајде. За жал, немаме докази за тоа“, изјавил Абот.

Непрегледниот Индиски Океан

Но, и понатаму станува збор за отфрлен дел во Индискиот Океан на кој нема ништо друго, освен вода.

Истражителите во 2016 година изјавиле дека барале на погрешно место и дека остатоците, најверојатно, се 300 милји подалеку од местото на кое тие бараат.

Досега се пронајдени само 33 дела од остатоците на авионот, а австралиската влада и понатаму се надева дека ќе го најде остатокот од леталото и со тоа макар малку ќе ги смири семејствата на патниците.

Десетина спасувачки авиони и бродови ја поместиле потрагата западно од Малезија пред премиерот на оваа земја да соопшти дека авионот на летот „MH370“ намерно скршнал од курсот. На крајот на потрагата било утврдено дека службите пребарале 3 милиони квадратни километри, што е 1,5 отсто од Земјината површина.

Во првиот бран сателитските снимки наводно покажале дека авионот се срушил во Индискиот Океан, југозападно од Австралија.

Но, потрагата по црната кутија е откажана затоа што ништо не е пронајдено, а потоа се утврдило дека се пребарувала погрешна локација.

Меѓународната истрага открила дека потрагата морала да биде проширена на 25.000 квадратни километри во Јужниот Индиски Океан. Иако самото летало сè уште не е пронајдено, потрагата, која досега се проценува за најскапа во историјата на авијацијата, успеала да елиминира огромни делови од Индискиот Океан за понатамошното истражување. 

Линк од првиот дел

 

 

 

Scroll to Top