За првпат во Европа победуваат антиестаблишментските партии

За првпат во Европа почнаа да победуваат антиестаблишментските сили, пишува во уредничкиот коментар во весникот „Ла Штампа“.

Историскиот пробој на протесните партии, евроскептиците и крајната десница добија рекорден број гласови на парламентарните избори во Италија и на тој начин ги нарушија традиционалните поделби на силите и ја внесоа Италија во политичка неизвесност.

„Европската Унија ќе има лоша вечер“, коментирала на „Твитер“ претседателката на францускиот национален фронт, Марин ле Пен.

Веројатно, Ле Пен ќе биде во право ако се земат предвид првите делумни резултати и проценки на италијанските телевизии за изборите во Италија. Коалицијата составена од Форца Италија на Силвио Берлускони, Лигата и Малата партија на италијанските браќа ќе добие приближно 37% од гласовите, според првичните резултати, на две третини од избирачките места.

Но, во коалицијата на чело на Лигата е Матео Салвини, кој е евроскептичен и со противмигрантска политика, а истовремено и сојузник на Марин ле Пен во Европа.

И доколку тој сојуз победи во смисла на освојување на мандатот, што се чини надвор од реалноста, барем според првичните резултати, Матео Салвини, кој вети дека ќе избрка стотина илјади илегални имигранти, би имал право да побара премиерско место.

„Прво Италијанците, стоп на инвазијата“, пишува на изборниот плакат во седиштето на Лигата во Милано и истиот  ја претставува главната тема на Матео Салвини, која ќе ја води низ целата кампања, од северот до југот на полуостровот.

„Мојот прв коментар е: фала!“ напиша на „Твитер“ околу полноќ во неделата Матео Салвини.

Силвио Берлускони, кој во Брисел се претстави како единствено упориште против популистите и силите против еврото, не оствари очекуван резултат на изборите. Нигел Фарго, поранешниот шеф на УКИП, кој е пробрегзит партијата во Велика Британија, им честиташе на своите колеги на „Твитер“.

Движењето „Пет ѕвезди“ е најсилната партија во Италија

Антиестаблишментското движење „Пет ѕвезди“ (М5S) остварува историски пробој станувајќи најсилна партија во Италија, со приближно 32 проценти, по победата на брегзит во Велика Британија и Доналд Трамп во САД.

„Сега сите ќе мораат да разговараат со нас“, изјави задоволно еден од нејзините претставници Алесандро ди Батиста, по кампањата насочена против корупцијата и италијанската политичка „каста“.

Движењето што го втемели комичарот Бепе Грило во 2009 година веќе направи изненадување освојувајќи 25% од гласовите на претходните парламентарни избори во 2013 година, а зацврстено му е и местото во идниот парламент.

Демократската партија (PD, лево од центарот) на Матео Ренци потврди дека на изборите остварила лош резултат, кој се предвидувал и во анкетите, со помалку од 20%, за речиси половина помалку, од резултатите остварени на европските избори во 2014 година.

Италијанскиот претставник Серџо Матарела во следните денови ќе мора да го довери мандатот за состав на владата на лице за кое ќе смета дека е во состојба да го осигура мнозинството во парламентот.

 

Scroll to Top