За шпанскиот крал, референдумот е нелегален, а за Каталонците, новиот ќе се случи за неколку дена

Шпанскиот крал Фелипе VI изјави во вторникот дека референдумот за независност на Каталонија бил незаконски. Во телевизиското обраќање до нацијата кралот посочи дека организаторите на референдумот постапиле нелегално.

Тој изјави дека организаторите покажале помала лојалност кон Шпанија и дека гласањето можело да предизвика економска штета како за овој регион така и за целата земја, пренесува Би-би-си.

Им порача дека верува во тоа дека Шпанија ќе пронајде начин да ги преброди овие тешки времиња.

Во меѓувреме каталонскиот претседател Карлес Пучдемонт го даде за Би-би-си првото големо интервју по референдумот и изјави дека Каталонија ќе прогласи независност за неколку дена.

„Ќе дејствуваме по тоа прашање на крајот на оваа или почетокот на следната недела“, изјави тој.

На прашањето како ќе реагира ако дојде до интервенција на шпанските власти со цел преземање контрола над каталонските институции, тој одговори дека тоа била грешка која би можела да промени сè.

Напомена дека во моментот не постои никаква комуникација меѓу неговата администрација и власта во Мадрид на чело со премиерот Маријано Рахој.

Да потсетиме дека повеќе од десетина илјади луѓе се бунат против полициското насилство што изби на самиот ден на референдумот во неделата кога полицијата се обиде да ги спречи избирачите да излезат и да го исполнат своето слободно право на изјаснување.

Полициската интервенција остави стотина повредени луѓе во немирите во повеќе големи градови. Во Барселона стотина демонстранти се собраа меѓу регионалното седиште на Народната партија од десниот центар, владејачката партија во Шпанија.

„Надвор од Барселона, фашисти“, викаа на улиците.

Учесниците по 18 часа маршираа по главниот каталонски град носејќи го знамето кое симболизира независност и истакнувајќи истовремено транспаренти.

Scroll to Top