За сите теоретичари на заговор – пронајдете ја вашата сродна душа

Постојат многу сервиси за запознавање луѓе. Тие особено се приспособени на групите како што се христијани, Евреи, пушачи на трева, земјоделци и други категории луѓе.

Најновата интернет-страница за запознавање со име Awake dating е првата онлајн-страница за запознавање нови пријатели и љубов, но кои исклучиво се теоретичари на заговори.

Таа е развиена од страна на Џерод Фиден, а ги има сите нормални составни дејтинг-мрежи, но со таа разлика што повеќето луѓе корисници, ако не и сите, се сметаат за разбудени луѓе за она што претставува вистинска природна реалност.

Ако некогаш се зачлените на страницата, исклучиво поради истражувачки цели, ќе се најдете во слепа улица кога ќе дојде моментот кога од вас ќе биде побарано да ги опишете вашите интереси.

Пописот за идентификациски карактеристики ги вклучува темите од типот на симболизмот на илуминатите, подземните бази на масоните, „Атлантис“, НЛО, контрола на популацијата, универзалната свест, контролата на умот во корпоративната музичка индустрија, ХААРП, предактивно програмирање, рамната земја, владите во сенки, контрола на умот во Холивуд, круговите во житните полиња, нанотехнологијата, заговорот за „Фукушима“, вистината за 9/11, шупливата Земја и уште многу други теми.

Фиден, директорот на страницата и основач, го дефинира типичниот разбуден корисник како оној што истражува со цел да дојде до сопствени заклучоци на голем број теми и прашања. И низ своите истражувања и критично размислување,тој се разбудил од фантастичниот лажен сон, внимателно креиран за сите потрошувачи.

Фиден верува дека на овој начин овозможува услуги на запознавање на теоретичари на заговори, нешто што на денешното општество му е очајнички потребно.

Тој верува дека неговата веб-страница ќе ги засили мислителите што се отфрлени од нормалните социјални кругови затоа што тие се држат до необичното и стигматизираното уверување, кое не е дел од стандардната консензуална реалност.

Тој дури и не го споменува зборот теоретичар на заговор, туку работи на употребата на изразот примател на незгодната вистина.

Во моментот кога Awake Dating ја минала бета-фазата, за помалку од два месеца регистрацијата ја минале повеќе од 1.200 запишани луѓе.

Регистрирајте се, можеби ќе најдете некој од вашиот крај.

Само можеме да ве предупредиме дека можеби ваквата страница ја има креирано и самата ЦИА со цел да ги идентификува радикализираните граѓани? Среќен лов.

Scroll to Top