Зошто Северна Кореја толку ја мрази Америка?

На Северна Кореја се фрлени повеќе бомби и напалм бомби, отколку во периодот низ целата Втора светска војна на Јапонија…

Севернокорејското население веќе шеста деценија расте со омразата кон САД, пропагандата функционира, затоа што сеуште е живо сеќавањето на Корејската војна, Северна Кореја ментално сеуште се наоѓа во 50-те години од минатот век, пишува денеска германското државно радио „Дојче веле“.

Во Северна Кореја недостасува многу од тоа, но едно сигурно не: ефикасната пропагадна машинерија, уште во градинка и во шкоските учебници се поттикнува омраза кон САД, поврзана со стравот од „империјалниот агресор“, во Вашингтон.

Пропагандата им оди од рака, и тоа што може да се повика на колективното искуство од Корејската војна, имено, таа војна и денеска е присутна во животите на луѓето во Северна Кореја – можеби и затоа што сеуште не е склопен мировниот договор, па на границата на 28 паралела, веќе повеќе од шест децении владее само примирје.

Германското радио наведува дека таа војна ја започнал Северот, чии трупи на 25 јуни во 1950 година ја минаа 38 паралела. Пјонгјанг сакал со оружје да изнуди повторно одделување од полуостровот, кој по Втората светска војна беше поделен на север и југ, а последиците биле катастрофални.

Сепак, сега, кога американскиот претседател Доналд Трамп се заканува со оган, бес и незауздана сила и уште додава дека на Северна Кореја ќе и се „случат работи кои ги сметала за невозможни“, тоа и како се вклопува, како во наративот на Пјонгјанг, така и во историските искуства.

Кога американскиот министер за одбрана Џејмс Матис, севернокорејското водство го предупреди на опасност, од „уништувањето на сопствениот народ“, тогаш пропагандистички ја оживеа националната траума, затоа што Северна Кореја веќе доживеа уништување – меѓу 1950 и 1953 година, наведува „Дојче Веле“.

Три години американските авиони масовно ја бомбардираа Северна Кореја – и тоа без обзир кон населението, пишува американскиот историчар Брус Камингс, наведува германското радио. Тој тепих на бомбардирања на Северна Кореја е окарактеризиран како воен злочин.

На Северна Кореја се фрлени повеќе бомби и напалм бомби, отколку во периодот низ целата Втора светска војна на Јапонија. Во текот на трите години во Северна Кореја загинаа 20% од населението, а тоа е проценка на американскиот генерал Кертис Лемаја, кој за време на Корејанската војна командувал со авијацијата.

Во едно интервју од 1984 година, тој изјавил: „Ние го запаливме секој град, на овој или оној начин. Некои и во Јужна Кореја. Го уништивме по грешка дури и јужнокорејски Пусан“.

Поранешниот американски министер за надворешни работи Дин Раск, кој за време на Корејската војна беше задолжен за Источна Азија вели: „Меѓу 38 паралела и кинеската граница ја бомбардиравме секоја цигла, ако некоја останала една на друга, се што се движело. Ние бевме целосно надмоќни во воздух и Северна Кореја сме ја срамниле со земја“.

И заканите од атомската бомба Северна Кореја веќе ги слушна, од американскиот генерал Даглас Мекартур, наведува „Дојче веле“. Во едно интервју од 1954 година, тој изрази разочарување затоа што не му било допуштено да го спроведе планот за завршување на војната во рок од 10 дена. Тој негов план предвидувало фрлање „меѓу 30 и 50 атомски бомби“. Тој исто така предлагал да долгорочно се оневозможи преминот на границата меѓу Северна Кореја и Кина – со ставање на радиоактивен кобалт, во појасот од пет километри долж граничната река Јал. Со тоа, требало да прекине кинеската поддршка на Северна Кореја. Но, тие планови ги оневозможиле Американското Министерство за надворешни работи и Обединетите нации.

Во непријатната историска вистина – која Западот ја заборави, а која Северна Кореја и тоа како ја памети – вклучени се и масакрите, пишува „Дојче Веле“ и ги наведува примерите: Јавноста на Запад во текот на 1999 година, дознала дека американските војници под мостот „No Gun Ri“ убиле стотина цивили кои се обиделе да се спасат од бегство.

Уште пострашно е што имало антикомунистички чистки во јужнокорејската војска, непосредно пред избивањето на Коерјската војна, на Југот биле стрелани наводни комунисти и симпатизери на Северот – со сознание и пред очите на американсите офицери. Извештаите и фотографиите на тие злосторства со децении биле држени во тајност, а објавени се во текот на 2008 година.

Комисијата за вистина и помирување, основана за време на јужнокорејскиот претседател Роха Мо-хјуна, кој претходно бил активист за човекови права, проценил дека во таквите чистки биле убиени 100.000 луѓе.

Станува збор за многу конзервативна проценка, се вели во комисијата, а наведува германското државно радио и додава дека за многу од тие масакри, неправедно била обвинета Северна Кореја, која исто така ги вршела крвавите чистки.

Scroll to Top