Хрватите отвораат центар за лекување со марихуана

Во бањата „Свети Мартин“ на северот на Хрватска набргу ќе биде отворен првиот канабис-центар, каде лекарите ќе користат медицинска марихуана за лекување на пациентите. Информацијата ја објави хрватската телевизија.

Терапијата најпрвин ќе биде наменета за хронични болни и ќе трае три недели. За другите корисници бањата ќе биде достапна од април. Сепак, лекувањето нема да биде евтино и ќе чини повеќе од 400 евра на ден. И покрај цената, интересот е голем, а во центарот очекуваат гости од Европа, од САД и од арапските земји.

Scroll to Top