Победете ја настинката со домашен лек за имунитет

Во текот на зимските денови едноличната исхрана најмногу ја ослабува способноста на организмот да се избори со болестите. Затоа во овој период е важно редовно да се јадат овошје и зеленчук, особено она што е богато со витамин Ц и цинк. Цинкот го намалува времетраењето на настинката, а го има во јагнешкото и свинското месо, во семките и во оревите, во житните здна и во морските плодови.

Самите можете да си направите хранлив лек со кој лесно ќе ја победите настинката.

Потребни ви се:

100 гр суво грозје
150 гр ореви
100 гр бадеми
сок и кора од 2 лимона
100 гр суви кајсии
100 гр суви сливи
250-300 гр мед

Сомелете ги сувото грозје, оревите, бадемите и лимоновата кора, додајте го сокот од лимон, измешајте и ставете ги измелените суви сливи и кајсии. Измешајте и додадете мед. Ставете ја смесата во тегла и оставете ја да стои на темно место еден-два дена, па потоа преместете ја во фрижидер.

За деца постари од 3 години се препорачува по една лажичка два пати дневно, а возрасните една до две лажички, три пати дневно.

Scroll to Top