Волшебна утринска напивка

Пиењето вода наутро веднаш по будењето е најдоброто нешто што може да го направите за вашето здравје, но миксот од вода, мед и лимон е уште подобар.

По долготрајното пиење на оваа утринска напивка, може да очекувате намалена телесна тежина, зголемена енергија, прочистување на телото. Напивката помага кај кашлици и настинки, го подобрува имунитетот, го забрзува метаболизмот и помага при тврда столица. Истовремено, смирува и помага при лош здив.

Се препорачува да ја пиете веднаш по станувањето, пред да ги измиете забите.

Во чаша ставете млака вода, додадете лажичка мед и сок од половина лимон, мешајте и испијте. Во следниот час не пијте кафе или чај.

 

Scroll to Top