Душко Тошиќ ги пречека Јелена и ќерките во Кина

Српската ѕвезда Јелена Карлеуша од вчера е во Кина со ќерките Ника и Атина, а на аеродромот ги пречекал нејзиниот маж, Душко Тошиќ, пишува српски „Ало“. Душко скоро една година живее во Кина, каде што игра за фудбалскиот клуб „Гуанжоу“.

Иако изминативе месеци се пишуваше за секс скандалот на Јелена со фудбалерот Огњен Врањеш, за наводниот развод и врската на Душко со манекенка, пејачката напиша дека тие се и понатаму среќно семејство. На „Инстаграм“ Карлеуша сподели неколку видеа од Кина и откри дека се сместени во луксузен хотел.

Претходно, пејачката сама со ќерките беше на летување во Турција.

Scroll to Top