Првиот бакнеж во животот беше со Боба пред камерите

Српската актерка Риалда Кадриќ, позната по улогата на Марија од серијалот „Жикина династија“, неодамна сподели со јавноста дел од нејзиниот приватен живот, она што се случувало во   раните деведесетти години, за време на распаѓањето на Југолсавија.

 

„Бев во Лондон на усовршување на јазикот. Тој 16 јануари 1991 година, кога почна војната, мајка ми ненадејно почина на улиците на Белград. Седев во стан во Лондон, гледав вести за почетокот на војната кога ме затекна оваа вест. Аеродромот беше затворен и немав начин да дојдам дома“ – им раскажа на новинарите Риалда.

Таа открива дека кога го играла ликот на Марија во таа 1977 година имала само 13 години. Вели првиот бакнеж во животот ѝ бил токму оној со Боба, и тоа пред камерата во овој легендарен филм, односно во неговиот прв дел кој носи наслов „Луде године“. Таа претходно  немала ниту момче ниту љубовно искуство, па и не знаела како се бакнува.

Scroll to Top