Пукна од маки! – Луѓето му одговорија на Глоговац за нападите на Цеца

By
По интервјуто на славниот актер во кој го изнесе својот став за Цеца Ражнатовиќ, и за тоа што таа претставува на народот, луѓето во огромен број ги коментираа нејзините зборови.

dobivaj vesti na viber

Во интервјуто за босанскиот магазин „Dani“, Небојша Глоговац, зборуваше за улогата на Хамлет во претставата на Александар Поповски во Југословенскиот драмски театар. и во таа прилика ја спомена Цеца Ражнатовиќ, но и Дара Бубамара.

Неговите изјави предизвикаа хаос на интернет, а луѓето оставија над стотина коментари.

 

Меѓу нив, беа и такви кои жестоко ја навредуваа и едната и другата страна, поточно и Небојша и Цеца, но кога сите се собраа се испостави дека ги има се повеќе такви во кои народот им говори како Глоговац е одличен актер, и дека никако не би требало да го „турка носот во оваа работа“, ниту ја споменува Цеца.

Пред да прикажеме само дел (од пристојните коментари), да се потсетиме што Глоговац изјави:

„Имавме неверојатна среќа, што до нас, по толку време, стигна генијална драма на Шекспир. Баш така, претпоставувам, за сто и кусур години генерации, ќе имаме среќа да до нив, наместо свирките на некој талентиран клинец, кои на клавир денеска ја развива Рахманјинова, ќе дојде Цеца. Затоа што Цеца е Шексипир на денешницата“, изјави Глоговац, кој на констатацијата на новинарката Тамара Никчевиќ, дека тоа делува некако депримирачки, тој возврати:

„Не, не е депримирачки… Тоа е реалноста: Еден куп слики кои изминатите децении доминантно се експлоатирани. Како од медиумите, така и од државата и политичарите. Цеца е симбол на времето, јунак на нашата доба. Таа е српска мајка, еј!

 

На прашањето, што тоа значи, познатиот актер одговори:

Не знам. Само знам дека таа гинекологија е многу интересна. Можеби тука имаше и некој од масовните силувања, а па оттука доаѓа тоа „српска мајка?“. Или станува збор за нешто друго? Кој да го знае тоа?! Сепак, повторувам: Таа личност е последица на повеќедецениско, константно бомбардирање на општеството со тешжок, невкус, неморал. Истовремено, станува збор за очигледна незаинтересираност на секоја влада да промовира крупни и сериозни содржини. Зошто? Веројатно затоа што знае дека човекот со кој живее во вакви системи, по тешкиот и напоред ден, полесно му е кога ќе се врати дома, и ќе пушти некоја како неа, отколку да го слуша Бетовен… Можете во било која од државите од таканаречениот регион да замислите богат доктор на науки, инжинер, научник, уметник? Можете ли?! Покажете ми го човекот кој цркнал учејќи, кој во малиот прст го има целото знаење од овој свет, а кој од својата плата овде, може да го живее животот на достоен човек. Па, го нема! Нема таков. Луѓето со знаење и талент овде воглавно немаат пари. Наместо да се занимаваат со својата работа, докторите на науки со дипломи, кои не се купени или украдени денеска работат како кондуктери, како таксисти, продавачи… Или поправаат телевизори. Капиталот се слива на другата страна.

„По тоа каде и кон кого оди парата, лесно можете да заклучите во какво друштво живееме, за кои вредности се согласуваме, што се цени. А се цени Дара Бубамара, јеби*а! Таа ги полни салите кога и каде сака. И полна е со пари! Веројатно има некои дополнителни активности, но, боже мој. Ова е свет на силиконски ци**и и зад**ци. Во него Дара Буба,ара е закон, не јас“, заклучи Небојша Глоговац.

Еве дел од коментарите на Небојша:

 

Ќе ви се допадне