Скапа роденденска журка за ќерките на Карлеуша

Атина и Ника, ќерките на фолк пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ, викендов славеа роденден. Двете девојчињата се родени на 7 септември, со една година разлика. Атина наполни 10 години, а Ника 9. За роденденот, пејачката им организираше голема забава во познат белградски ресторан. Пејачката, која ги пречекуваше гостите, на новинарите на забавата им рекла дека Атина и Ника се првпат облечени во гардероба од познат светски бренд и дека тоа е големо доживување за нив.

„Сакам родендените да им бидат навистина посебни, ден што ќе го паметат. Не се близначки, ама ете, мора да го делат роденденот“, рекла Карлеуша.

Карлеуша открила дека и оваа година девојчињата имале многу желби и дека им ги испонила скоро сите, ама не и желбата да имаат профили на „Инстаграм“.

„Бараа инстаграм-проофили, ама реков не. Не можам да се грижам и за мојот и за нивниот профил, да следам што се случува. Јас сум изморена жена, жена во години, не можам веќе. А кога ќе помислам дека допрва им следи пубертет, момчиња, излегувања, навистина немам сила за тоа“, рекла Јелена.

На роденденот на ќерките на пејачката дојдоа многу гости и луѓе од јавниот живот на Србија. Меѓу нив беше и пејаката Марија Шерифовиќ која на новинарите им откри дека ги обожава Атина и Ника.

Scroll to Top