(Видео) Ѓоковиќ на 7 години: Сакам да станам првак!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ уште како дете сонувал да стане шампион. Тенисерот кој по петти пат го освои Вимблдон на седумгодишна возраст имал интервју во кое изјавил дека еден ден ќе го освои врвот.

Неговиот сон да стане светски шампион му се оствари. Србинот уште на четиригодишна возраст почнал со играње тенис. Своите први мечеви ги направил во тенискиот камп на Копаоник. Три години подоцна, тој го дал своето прво интервју.

„Да станам првак!“, кратко изјавил Ѓоковиќ на прашањето која му е целта во тенисот.

Scroll to Top