Фестивалот „Поточиња“ бара деца-пејачи

Организаторот на детскиот фестивал „Поточиња“ објави аудиција за прием на нови членови, деца што ќе пеат на фестивалот што ќе се одржи напролет. Аудицијата ќе се одржи во градинката „Срничка“ (објект „Бамби“) во населбата Аеродром од 17 до 20 септември, помеѓу 18 и 19 часот.

„Сите заинтересирани деца на возраст од 5 до 10 години може да дојдат во еден од предвидените термини и да испеат една омилена песна“, велат организаторите „Пап продукција“.

Фестивалот за детски песни „Поточиња“ слави 15-годишен јубилеј, а следната пролет ќе се одржи по 16. пат.

Scroll to Top