„Година на мајмунот“ на филмскиот фестивал во Шангај

Mакедонската комедија „Година на мајмунот“, во режија и по сценарио на Владимир Блажевски, ќе се прикажува на Меѓународниот филмски фестивал во Шангај што ќе се одржува од 16 до 25 јуни годинава. Филмот ќе биде дел од панорамската програма на фестивалот, кој е еден од најголемите и најпознати филмски фестивали во Источна Азија.

Филмот веќе ја имаше својата светска премиера на Московскиот меѓународен филмски фестивал, еден од најреномираните и најстари филмски фестивали од А-листата.

„Година на мајмунот“ раскажува за уникатното пријателство меѓу мајмунот Коко и чуварот на Зоолошката градина Цобе, и нивната авантура во превртениот транзициски свет. Филмот се снимаше во 2016 година како копродукција на Македонија, Србија, Словенија и Косово, на околу 80 различни локации низ Македонија. Главната улога ја игра Игор Ангелов, а во екипата се појавуваат актери од Македонија, Србија, Словенија и Хрватска.

 

Scroll to Top