Брак со скандали и афери, кој трае 22 години: љубовната приказна на Дејвид и Викторија Бекам  

By

Дејвид и Викторија Бекам отсекогаш го привлекувале вниманието на јавноста. Во брак се 22 години, период во кој им се случија неколку афери и скандали. И иако многумина очекуваа дека ќе се разведат, нивниот брак се смета за еден од најуспешните во светот на славните.

dobivaj vesti na viber

Бракот на Дејвид и Викторија од самиот почеток имал подеми и падови. Викторија во својата автобиографија ја потсети јавноста дека дури и го удрила Дејвид откога поверувала дека тој ја изневерува. Тоа се случило во 1999 година додека била бремена со Бруклин. Викторија во биографијата пишува дека за неверството дознала додека била на турнеја со „Спајс грлс“. Поради расправијата, признала дека и таа и Дејвид имале самоубиствени мисли. Дејвид успеал да ја убеди дека не се точни озборувањата и заминале на одмор на езерото Комо во Италија, каде што ја побарал за жена.

Двојката се венча во 1999 година, четири месеци по раѓањето на Бруклин. И покрај сите проблеми, тие велат дека секогаш се избирале меѓусебно и си биле поддршка.

Пет години по венчавката, норвешката ТВ-водителка Ребека Лос откри дека имала афера со фудбалерот. Таа се појави во повеќе емисии и даде неколку интервјуа, но Дејвид тврдеше дека нејзините приказни се лажни.

Уште еден од многуте скандали во кои беа вклучени се случи во 2017 година кога во јавноста беа објавени приватни имејлови од Дејвид, во кои можеше да се види дека неговото учество во добротворни организации и настани е само со цел да биде прогласен за витез од британската кралица. Викторија остана до него и за време на овој скандал.

Во една пригода Дејвид изјави дека бракот со Викторија подразбира напорна работа. Тоа само ги потврди шпекулациите во јавноста дека таа е тешка личност со која не може секој да се справи.

Во 2018 година во таблоидите се пишуваше дека Дејвид повторно ја изневерил Викторија, овој пат со учителката на нивната ќерка Харпер, дека учителката наводно е бремена, а парот е пред развод. Тие и овој пат ги отфрлија озборувањата.

Дејвид и Викторија наводно се скарани со Меган и Хари. Кралската двојка не беше поканета на свадбата на Бруклин и Никол иако сите очекуваа да ги видат на забавата. Според британските медиуми, кавгата настанала кога Меган ја обвинила поранешната членка на „Спајс грлс“ дека им дава информации на медиумите за неа. Кога било откриено дека Викторија е невина, Меган се обидела да ѝ се извини, но модната дизајнерка не сакала да го прифати извинувањето.

Викторија, која се прослави како пејачка во „Спајс грлс“, одамна работи како моден дизајнер. Иако ја сметаат за модна икона, медиумите пишуваат дека бизнисот не ѝ оди како што сака, па го одржува само благодарение на милионите на Дејвид. Според последните пишувања, на Дејвид веќе не му се фрлаат пари за нејзиниот бизнис и сака да се откаже од инвестицијата од која не добива ништо за возврат.

Ќе ви се допадне