Бред Пит откри зошто се решил на развод

Британските медиуми деновиве повторно главна преокупација им е холивудскиот актер Бред Пит. Медиумите се навратија на негово неодамнешно интервју, кога Пит се наврати на бракот со неговата колешка Џенифер Анистон. Пит изјави дека за време на бракот, тој се преправал во нешто што не е.

„Ми стана јасно дека се обидувам да го најдам филмот за интересен живот, а јас во тие моменти немав интересен живот. Мислам дека мојот брак имаше врска со сето тоа. Се преправав дека тој брак е нешто што не е“, изјавил Пит, додавајќи дека неговиот брак со Анистон станал лажен и дека актерот сакал нешто повеќе.

Во времето додека го давал интервјуто, Бред веќе бил во врска со Анџелина Џоли, со која доби и неколку деца.

„Најмудрата работа која можев да ја направам во животот е тоа што за мајка на моите деца ја избрав Анџелина. Таа е одлична мајка“, изјавил Бред Пит во истото интервју со кое предизвика лавина на реакции и гнев кај фановите на Џенифер Анистон.

Актерот подоцна мораше да реагира и да објасни дека Џениер е прекрасна личност, со која засекогаш ќе останат пријатели.

 

 

Scroll to Top