(Фото) Ѓоковиќ нема раат од браќата Ѕверев

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ се пожали на социјалните мрежи дека нема мир од неговите германски колеги браќата Ѕверев и дека го прогонуваат секаде каде ќе се појави тој.

„Не можам да побегнам од браќата Ѕверев“, напишал Ѓоковиќ на социјалните мрежи и објавил фотографија од него во теретана, во друштво на Александар и неговиот постар брат Миша Ѕверев.

Србинот ја заврши сезоната со пораз во завршниот Мастерс во Лондон, токму од Александар Ѕверев.

Scroll to Top