Хајди Клум се омажи тајно, па сега ќе прави втора свадба на јахта

Топ-моделот Хајди Клум и нејзиниот сопруг Том Каулиц ќе направат уште една венчавка на островот Капри следниот месец, но овојпат ќе ги поканат нивните пријатели и семејства, пишуваат светските магазини. 46-годишниот модел тајно се омажи за 17 години помладиот Каулиц февруари, а веста дека се венчале ја открија пред неколку дена.

Свадбата ќе биде на јахта, а двојката веќе испратила преку 100 покани до своите роднини и пријатели.

Хајди Клум и Том Каулиц се венчаа една година по нивниот прв состанок. Претходно, Хајди беше во брак со пејачот Сил и стилистот Рик Пипино, а има и дете од врската со формула 1 магнатот Флавио Бриаторе.

Scroll to Top