Меган Маркл не сака да ја види на свадбата поранешната девојка на принцот Хари

Вереницата на британскиот принц Хари, Меган Маркл, прецизираше кои луѓе не сака да ги види на денот на венчавката со својот сакан.

На списокот на гости сигурно нема да ја има Кресида Бонас, поранешната девојка на Хари. Веројатно станува збор за љубомора, а веќе одамна е познато дека тие повеќе не се во пријателски односи.

Сепак можно е да присуствува Челзи Дејви (исто така поранешна девојка на Хари) затоа што таа со Хари веќе долго време е пријателка и е меѓу првите кои ја честитала веридбата, а Меган нема проблем Дејви да присуствува на свадбата.

Scroll to Top