Мик Џегер се опоравува по операцијата на срцето

Мик Џегер, пејачот на легендарниот бенд „Ролинг стоунс“ е успешно опериран во болница во Њујорк. Нему му била сменета „вештачката валвула на срцето“, пишува магазинот „Билборд“. 75-годишниот Џегер се опоравува по операцијата и се чувствува добро, но е под постојан лекарски надзор. Според докторите, тој треба целосно да се опорави до лето.

Минатата недела Џегер преку „Твитер“ објави дека „Ролинг стоунс“ ќе ја одложат турнејата низ САД и Канада и им порача на фановите да ги чуваат билетите бидејќи бендот повторно ќе настапува. На оваа турнеја беа предвидени 17 концерти, од 20 април до 29 јули. Неофицијално, концертите ќе се одржат на есен.

Scroll to Top