Остин Батлер ќе го глуми Елвис Присли

Глумецот Остин Батлер ќе го глуми Елвис Присли во биографскиот филм за кралот на рокенролот. 27-годишниот глумец ја добил улогата за којашто конкурираа Мајлс Телер, Арон Џонсон-Тејлор, Ансел Елгрот и Хари Стајлс.

Втората главна улога во филмот ќе ја игра Том Хенкс. Тој ќе го толкува ликот на полковникот Том Паркер, долгогодишен менаџер на Присли.

Режисер на филмот е Баз Лурман. Филмот наскоро ќе почне да се снима во Австралија, а сè уште не е познато кога ќе се прикажува во киносалите во светот.

Светската јавност го запозна Батлер со улогите во сериите „Дневниците на Кери“ и „Хрониките на Шанара“. Тој глуми и во најновиот филм на Квентин Тарантино „Си беше еднаш во Холивуд“ заедно со Бред Пит и Леонардо ди Каприо.

Scroll to Top